Сеп 2, 2015

Донација мебел за опожарениот стан на Јанкулоски

Пристигна мебел во станот на семејството Јанкулоски, кое пред 20 сетина дена загуби се што имаше во пожар. Штетата од пожарот беше голема, и на семејството  ќе треба да му помогнат институциите, бизнис заедницата и граѓаните, истакна Екрем Каљоши директорот на ЦСР од Охрид. Додаде дека со нивно посредство во рамки на проектот „Топол дом“ успеале да ја завршат денешната активност и малку да им ги подобрат елементарните услови за живот.„Согледувајќи ја потребата на ова семејство за одредени потреби за домаќинство, хумани граѓани се пријавија да донираат мебел. И денеска ја реализиравме таа ак…

Сеп 2, 2015

Тешка сообраќајна несреќа кај Лагадин

Едно лице го загуби животот а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај туристичката насебата Лагадин. По сообраќајната несреќа, од здобиените повреди, синоќа во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид почина Тони Т. (20)  од Охрид додека Б.С. (17) од Охрид, се здоби со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. Во тешката сообраќајна незгода учествувале моторцикл марка „Хонда“ и патничко моторно возило марка „Форд Мондео“, двете со охридски регистарски ознаки. Незгодата се случила во момент к…

Сеп 2, 2015

Караванот „купи куќа, купи стан“ повторно во Охрид

По втор пат сите охриѓани кои сакаат да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, ќе можат да го направат тоа во рамки на караванот на проектот „Купи куќа, купи стан“, што стартува денеска од Штип.-Овој караван има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово, информираа надлежните за проектот.Според концептот, планирани се презентации о…

Сеп 2, 2015

ФЗОМ ќе ја покрие операцијата на малата Јована од Охрид

Откако вчера беше објавена веста за десетгодишната Јована која боледува од малиген карцином на раката, директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски се огласи дека фондот ќе покрие леувањето а интервенцијата е на 22 септември во клиниката Есен во Германија. Но сепак на семејството им е потребно помош за авио билети, сместување и болнички трошоци за еден родител во клиниката кои изнесуваат 400 евра дневно. Јована Тасеска од Охрид има 10 години. Нејзиното среќно детство го нарушува подмолна  болест.Таа има малиген израсток на раката, кој по неуспешнaта операција во Скопје повторно и  се појавува. За ова…

Сеп 1, 2015

Туристка од Холандија поради здравата исхрана го посетила и се заљубила во Охрид

Љубовта кон здравата исхрана и органската храна судбински ја довела во Охрид. Тијана Хорн е туристка од Холандија која се вљубила во Охрид, но не од причините кои најчесто би ги помислиле. Таа во Охрид гледа можности за развој на производството на органска храна, нешто што според неа, би ги навело холанѓаните уште повеќе и во поголем број да доаѓаат во нашиот град. За Охрид дознала преку пријател од Македонија кој го запознала токму во Холандија волонтирајќи во нејзината семејна компанија за трговија со макробиотска и органска храна. Пред две години, за прв пат го посетила нашиот град. Тиј…

Јул 5, 2021

Кампања на РСБСП и МВР „Вози одморен“

Во летниот период бројот на повредени и починати лица во сообраќајни незгоди е двојно зголемен во однос на останатите периоди од годината. 17 лица го загубиле животот минатото лето во јули, а 9 во август во сообраќајна незгода. Затоа РСБСП и МВР организираат кампања под мотото „Вози одморен“. Претседателката на РСБСП од Охрид порача дека во ниту еден момент возачите не смеат да го занемарат заморот проследен со високи температури, бидејќи неретко сообраќајните незгоди предизвикани од замор се со фатални последици. -Апелирам јас лично и советот да внимаваат на заморот при управување со мото…

Сеп 1, 2015

Домот Ванчо Питошески летово не се даде под наем заради лоши законски измени

 Сметката на училишниот дом Ванчо Питошески оваа година останала потенка за околу 7.000 евра,  пари кои во изминатите години се инкасирале  од негово издавање под наем во летните месеци. Минатите години од тој приход се обезбедувале  плати за вработените, се плаќале давачки за струја, вода , средствата се  користеле  за подобрување на сместувачките капацитети за учениците. Директорката на средното општинско училиште, Ванчо Питошески,  Весела Темјаноска во чиј рамки работи и домот, вели дека ова лето не го издале домот поради проблем со термините за тендери но не можеше со точност да каже  к…

Сеп 1, 2015

Со нова библиотека започна учебната година во с. Лескоец

Библиотека и нова реконструирана училница, денес, на првиот училишен ден добија учениците од ОУ „Ванчо Николески“, од село Лескоец. Нив во употреба ги пушти првиот човек на градот Никола Бакрачески. Бакрачески истакна дека училиштата во руралните средини на општина Охрид имаат потреба од помош и поддршка од Локалната самоуправа, но и од Министерството за образование, во поглед на обезбедување подобри услови, како што е енергетската ефикасност, замена на подови, санитарни јазли, прозори и врати, обезбедување на учебни помагала и реквизити, но и во делот на финансиското менаџирање. „Успеавме …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top