Дек 17, 2020

Вработени во ЦЈЗ Охрид: И ние сме Сашо Точков. Разрешете не!

Со одлука на Министерството за здравство на Република Македонија, од функцијата раководител на Центарот за јавно здравје во Охрид е разрешен Сашо Точков. За в.д директор на здравствената установа е назначен д-р Ѓоко Константиновски, лекар специјалист интернист во Општа Болница Охрид. Од Министерството не наведуваат детали за причините кои довеле до смена на Точков од раководната функција. Дел од вработените во Центарот за јавно здравје Охрид преку отворено писмо до јавноста искажаа поддршка за Точков. „Веројатно никој не е свесен што ни се направи со разрешувањето на Сашо Точков од функциј…

Дек 17, 2020

Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Св. маченичка Варвара

За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките. Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот Бог, кој ја с…

Ное 18, 2021

„Брат ми брка диносауруси“ на кино репертоарот при Центар за култура „Григор Прличев“

Кино проекциите се закажани за наредната среда (24.11.2021) и четврток (25.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.Џакомо отсекогаш сакал да има мал брат за да си игра, а од кога ќе се родил, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш помалиот брат Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и се вљубува во Ариј…

Дек 17, 2020

Активности во насока на покривање на новата трибина

Се започна со поставување на челична конструкција како дел од активностите за покривање на новата трибина при градскиот стадион “Билјанини Извори”. Новата трибина која се гради по највисоки светски стандарди е со капацитет од 1480 седишта и е заеднички проект помеѓу Општина Охрид и Фудбалска Федерација на Република Северна Македонија.

Дек 17, 2020

Бугарија го потврди ветото, изневерeни се европските вредности и очекувањата на нашите граѓани

Владата на Република Северна Македонија и во овој случај, по повод денешните заклучоци на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) изразува разочарување што ЕУ не најде начин да донесе позитивна одлука за усвојување на Преговарачката рамка, што ќе овозможеше првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на 2020 година, за време на германското претседавање со ЕУ. За жал, се потврди ветото на Бугарија со кое не се дозволува почеток на преговорите на нашата земја во ЕУ, иако според сите извештаи на европските институции ние ги исполнивме сите критериу…

Дек 16, 2020

„Охрид во чест на великанот Бетовен“ од 17ти до 24 декември

„Ода на радоста“ на генијалниот Бетовен во уникатниот македонски 7/8 такт. 100 уметници од охридскиот музички еснаф го музицираа на Антички театар најпознатото дело на Лудвиг Ван Бетовен во чест на јубилејот 250 години од неговото раѓање. „Тие трубадури, тие Садиловци, сите заедно одлучивме даго отсвириме и отпееме Бетовен адекватно, бидејќи на спотот ќе ги видите и Ѓоко Таневски и Жармена Китрозовска, ја свириме и пееме Ода на радоста во 7/8ски такт. Тоа е една генијална идеа на класична музика со македонски шмек. Најдобар наслов на тој спот би бил „Кога Бетовен би бил Македонец“. вели Пр…

Дек 16, 2020

ЧЕК ЛИСТА НА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА

Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за здравство поддржано од Светска Банка го реализираат Проектот за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 и подготовеноста на здравствените системи. Во фазата на поставување на Ковид мобилните центри, интересот на јавноста е важен за институциите и за Светска Банка, за таа цел документот од јавен интерес Чек-листа за проверка на Планот за управување со животната средина и социјални прашања го поставуваме на општинската веб-страна. Коментарите и забелешките од пошироката јавност можат да се испратат на сле…

Дек 16, 2020

Од охридската општа болница стравуваат од притисок врз здравствениот систем по претстојните празници

Сто пациенти се лекуваат во ковид центарот во општа болница Охрид во моментот. Половината од пациентите кои се на болничко лекување со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Засега има слободни кревети, лекови и кислородни боци инфромира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Опша болница Охрид. Директорот е сепак загрижен од неизвеснит тек на пандемијата по претстојните новогодишни и верски празници. Повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да не се групираат. „Искрено стравувам многу сега почнуваат празниците. Охрид од Св Никола до Водици е еден од нају…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top