Сеп 4, 2015

„Охридски Комуналец“ започнува со акцијата за подигање кабаст отпад

Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на к…

Сеп 4, 2015

Министерски состанок за мигрантите во Охрид

Неопходните чекори што треба да бидат преземени за задржување на вонредниот притисок на мешаната миграција е целта на меморандумот за разбирање што ќе го потпишат министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија.Министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и Србија, Митко Чавков, Јохана Микл Лајтнер и Небојша Стефановиќ, како и заменик државниот секретар на МВР на Унгарија Кристина Берта ќе потпишат меморандум за разбирање посветен на чекорите за справување со вонредниот притисок на мигрантите и бегалците што ги засега овие земји.Се очекува по потпишувањето на ме…

Јул 5, 2021

На плажите без спасители да има табли со предупредување

Мартин Елечоски е Национален инструктор за спасување и спасител на вода. Десет години е дел од спасителната служба на вода на охридското крајбрежје. Споделува дека нивната служба има големо значење за одржување на безбедноста на капалиштата каде што капачите се заштитени од давење и повреди. „Покрај гарантирањето на безбедноста на капачите на плажите, гарантираме безбедност на капалишната зона да не се приближуваат до објекти кои би ги повредиле капачите, им даваме совети како безбедно да уживаат на плажа. Постојат опасности од топлотен удар, а има и алкохолизирани лица и големи опасност…

Сеп 3, 2015

Нема веќе деветтолетка во Велмеј-револтирани родители се жалат дека децата им биле префрлени во несоодветни услови во училиштето во Лешани

Единствените четири дечиња од Велмеј кои од годинава се шестоодделенци, наместо во основното училиште во родното место, понатамошната настава до деветто одделение, ќе ја држат во соседно Лешани. Нивните револтирани родители се незадоволни бидејќи сметаат дека училиштето во Велмеј има подобри услови за одвивање на наставата, но револтот кај нив најмногу се создал бидејќи тие тврдат дека управата на основното училиште не ги известило навремено дека нивните ученици ќе бидат префрлени во Лешани. Дополнително, родителите реагираат и дека нивните деца по префрлањето во Лешани, наставата од почето…

Сеп 3, 2015

Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба

Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба. Граѓаните можеби во детали не го знаат ХАСАП системот и што се тој треба да содржи но можат да забележат кога со некои производи се постапува како што не треба. До редакцијата на ТВМ пристигнаа реакции од граѓани за несоодветно чување вода и пијалоци во пластична амбалажа. На температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина и дополнителна топлина која доаѓа од надворешни единици на клима уред се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид. Граѓаните својата реакц…

Сеп 3, 2015

Годинава рекордно високи цени за ајвар и зимница

Крајот на август и септември, се месеци предвидени за подготовка на зимница. Почнувајќи од низалки со пиперки, туршија, ајвар, лутеница, малџано, пинџур и останато, македонците, традиционално во овој период од годината, се подготвуваат за зимскиот период. Некои не прават зимница, други пак ја прават во помали или поголеми количини, во зависност од длабичината на џебот. Како и да е, дел од граѓаните кои ги анкетиравме забележуваат дека земјоделските производи годинава се поскапи од лани.„Нема да правам зимница, годинава не е скапо, ама јас не можам за двајца луѓе. Годинава е поскапо, веќе на…

Сеп 3, 2015

Дел од станарите од улицата Сатеска 81 се жалат на бројни комунални проблеми

Слоботка, Грозда, Олга и Севда живеат во Далјан, на улицата Сатеска бр 81.Тие се незадовлни од бројни комунални проблеми кои им го загорчуваат одморот поминат во Охрид. Викенд становите за одмор во насечбаат ги купиле пред повеќе од 3 децении. Години наназад велат замижуваме пред отвроениот канал кој тече под нашите тераси. За 100- тина метри колку што е должината на каналот  не се најде решение. Пред секој изборен процес ни ветуваат негово затварање, но никако да се затвори, велат дел од станарите од Сатеска 81.„Над каналот навечер не се  седи на тераса. Ние идеме да дишеме воздух, а од ко…

Сеп 3, 2015

Милион евра се продава најскапата вила на охридското крајбрежје

Милион евра е цената на најскапата вила која во моментов се продава на охридското крајбрежје. Во агенциите за недвижности се почесто се јавуваат  купувачи кои сакаат да поседуваат  имот на охридското крајбрежје и се подготвени да платат за луксузни станови т.в. пентхаус и куќи со поглед на езеро или Стар град, напоменува Наташа Спасеска  Цветкоска од АН „Капитал“. Има клиенти кои се подготвени да платат за таков имот во Охрид ама понудите се мали. „Имаме луксузни пентхаус станови на понуда. Станови на највисоките катови од зградите со поголема квадратура со цена од 200 до 300 илјади евра. И…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top