Вкупниот тековен долг на општина Охрид, заклучно со 31-ви март годинава изнесува 295,753,912.00 денари, кој се состои од камати,главници заедно со процесни и извршни трошоци. Добар дел од обврските ги сочинуваат и затезните камати на доспеан долг, како и трансакциски и извршни трошоци.
Во финансиската анализа предвидени се две сценарија за отплата на долгот: :подигнување на банкарски кредит со рок на отплата 10 години, максимална годишна камата од 5% и две години грејс период или сопствена отплата на долг според можностите на општината, исто така на период од 10 години.
– Од споредбата на…
Вистински времеплов за охриѓани подготвува познатиот вокално-инструментален состав Езгија трио. Тие, заедно со познатиот кларинетист Ацо Тасески ќе одржат „Вечер на чалгиска музика“ во која охриѓани ќе добијат ретка прилика да уживаат во звуците на оваа традиционална македонска, но уште повеќе и охридска музика. Според организаторот на настанот, Ѓоко Алоски, ова е одлична можност постарите охриѓани да се потсетат, а младите да ги чујат можеби за прв пат звуците кои некогаш се слушале од секоја охридска куќа. „Ова трио е специфичен состав не само поради инструментите кои се застапени, туку и…
„Меснава заедница од Горно Лакочереј од локалната самоуправа побаравме тампон, во моментот кога се ископуваше улицава „Питу Гули“, од таму ни се донесоа 7-8 камиони тампон, тампонот го побаравме за пополнување, крпење на дупките што се ископани на стариот пат.Можеби овој тампон ќе биде малку за утрешниот. Ние за утре имаме закажано една акција во која ќе учествуваат најмалку 30ина трактори, наша ровокопач машина за товарање ќе дојде. Се направило едно недоразбирање помеѓу луѓето што го носеле тампонот со камиони, нив им беше кажано да се истовари Лакочереј кај мостот, ама ние сме Горно и До…
Со отрезнувачката порака „Вози трезен, стигни жив“, денес општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ја спроведуваше републичката кампања со ист наслов, а насочена кон подигнување на јавната свест за последиците од управувањето со моторни возила под дејство на алкохол. Според претседателот на општинскиот совет за безбедност на патиштата, Стефан Димоски, ваквите кампањи се еден начин како едукативно да се влијае кај сите учесници во сообраќајот со цел елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди.„Целта на оваа кампања е да се подигне нивото на безбедносната култура кај…
Општинската организација на СДСМ Охрид со обвинувања до локалната дека градежниот шут од реконструираната улица „Питу Гули“ завршил врз главниот извор од кој Долно Лакочереј се снабдува со вода за пиење. Од таму додаваат дека добар дел од шутот бил депониран и долж речното корито на Коселска река која поминува низ ова населено место. Од СДСМ велат дека на повидок е еколошка катастрофа, а градоначалникот Бакрачески молчи.„Зошто молчи Бакрачески? Дали можеби затоа што овие купишта шут се од реконструкцијата на улицата Питу Гули? Дали жителите на Лакочереј се должни да плаќаат еколошки данок …
Екипи на Црвениот крст од Охрид составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери, денес на градскиот плоштад ги презентира најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите посетители имаа можност да ги пробаат техниките и вештини на специјалните помагала кои ги има на располагање Црвениот Крст, но и дознаат како да укажат прва помош во услови кога тоа е потребно, вели, Младен Божиноски од оваа хуманитарна организација„Во текот на цела година, работиме со сите училишта посебно по предметот „Вештини на живеење“, во форамлното образование, се обрнува големо внимание на д…
Во Македонија престојува експертот за туризам Дејвид Хофман. Неговата мисија во земјава е да собира материјал за изработка на видеа и репортажи, кои ќе бидат наменети за промоција на нашата земја како туристичка дестинација. Продуцентската екипа од САД денес е во Охрид, каде собира материјал за едно од неколкуте документарци, односно за Охридското Езеро, што како природна реткост треба да се посети.„Ова што го работам е снимање и изработка на видеа за најразлични туристички дестинации во светот. Македонија е 64 татат земја која ја имам посетено во мојот живот. Во основа она што се обидувам …
На 10.02.2022 година од 10 до 14 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале и санкционирале 13 пешаци кои, преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-08, Струга-04, Дебар-01).
Во Струга, затекнати и санкционирани се 7 возачи на моторни возила кои, извршиле непрописно престигнување – информираат од СВР Охрид.