Сеп 17, 2015

ОМУ „Методи Патче“ доби нов директор

Емилија Маринова е новиот директор на ОМУ „Методи Патче“. Таа ја замени Нина Момировска чиј втор мандат заврши на почетокот на септември. Во месец август бил објавен конкурс за ова директорско место, а на конкурсот покрај Маринова се пријавил уште еден кандидат. Момировска не конкурирала за и трет пат да биде директор на музичкото училиште. Градоначалникот Никола Бакрачески од двајцата кандидати се одлучил Мариноска да ја води оваа образовна институција во наредните четири години. Одговорноста да се продолжи со раководење на оваа институција е многу голема. Пред мене имало шест директори ко…

Сеп 16, 2015

Отворено ормарче за струја – опсно или не !!!

  До нашиот медиум стигна реакција, во која граѓани укажуваат дека во трговскиот центар „Пазар“, на бул. „Туристичка“, во Охрид, ормарчето каде се наоѓаат осигурувачите за струја на целиот комплекс не е заклучено, онака како што налагаат условите за безбедност.  Ова ормарче за струја стои отворено и незаштитено веќе подолг временски период. Со тоа претставува потенцијална опасност за сите посетители на јавниот објект во кој се наоѓа ова разводно ормарче“ -велат граѓаните.Која е постапката на надлежните од ЕВН да се погрижат со цел да обезбедат сигурност на посетителите на трговскиот центар…

Јул 6, 2021

Економски нерентабилни типизираните сувенирници во Охрид

  Празни и напуштени се типизираните сувенирници во Охрид кои ги постави Министерството за култура пред неколку години. Објектите се покажаа како економски неодржливи иако се поставени во централното градско подрачје во Охрид и Вевчани за продажба на сувенири, информира Мишко Тутуткоски, директорот на НУ Завод и Музеј. „Прометот кој се заработувал за да се платат луѓето кои рабоат во нив бил исклучително на ниско ниво во сите нив, во изминатите години. Буквално ги имаме оставено и не ги работиме. Разговаравме на оваа тема со градоначалникот на Охрид со кој најдовме решение и е во процедур…

Сеп 15, 2015

Охридскиот народен театар се враќа со награда за оригинална актерска изведба од фестивалот „Ристо Шишков“

Наградата „НЕТА“ на 23то издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ доделена на актерите од Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ и Ирена Ристиќ. Оваа награда, актерите од нашиот театар ја добија за претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, а во режија на Нела Витошевиќ.Театарската мрежа „НЕТА“ го доделува ова високо признание за оригинална актерска интерпретација на претставата. Со оваа претстава, актерското трио на Охридскиот народен театар премиерно се претстави во рамки на годинешното 55то издание на фестивалот „Охридско лето“.          

Сеп 15, 2015

Трет уписен рок на УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид

Заинтересираните студенти можат да конкурираат за слободни места на петте факултети на следниве студиски програми: компјутерски науки и инженерство на три годишни студии 12 редовни во државна квота, 8 редовни со кофинансирање и 8 вонредни студенти, додека на четиригодишни студии седум слободни места кај редовните студенти со кофинансирање и 11 слободни места за вонредни студенти. На насоката комуникациски мрежи и безбедност на тригодишни студии 15 места во државна, 8 со кофинансирање и 8 места за вонредни студенти, додека на четиригодишните студии по 12 слободни места во сите категории. На…

Сеп 15, 2015

Дали Охридскиот народен театар ќе добие нов уметнички директор?

ТВМ дознава дека досегашниот уметнички директор, реномираниот актер со долгогодишно искуство, Горан Стојаноски, веќе нема да ја извршува досегашната функција. Во телефонски разговор, Стојаноски не информираше дека во овој момент тој работи единствено како актер во Охридскиот народен театар, и дека за сите информации поврзани со настапи на театарот, репертоар на претстави, во иднина треба да се обраќаме до директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Боцеска пак не одрекува дека можно е да дојде до кадровски промени на функцијата уметнички директор на театарот но н…

Сеп 15, 2015

Капацитетите на бродовите кои пловеа по Охридското Езеро исполнети до последно место

Бротската линија Охрид – Поградец, оваа сезона максимано искористена.  Дневната линија која е активна само во текот на туристичката сезона, им нуди можност на домашните и странските гости да се прошетаат по Охридското Езеро, разгледувајќи го од двете страни. Капетанот на Капетанија на пристаништа на РМ, Горан Устијаноски, вели дека оваа линија сезонава поминала без никаков проблем, а во моментов ги очекувале точните податоци за бројки на гости кои се прошетале до Поградец, Албанија. „Сега ќе ги сумираме резултатите откога ќе истече важноста на решението, односно од 15 октомври граничниот пр…

Сеп 15, 2015

Започна новата академска година

Започна новата академска година. На ФТУ Охрид  на првиот свечен час добредојде на новите студенти им посакаа, новиот декан, новиот ректор и професорите .   ФТУ годинава може да се пофали со уште поголем број студенти кои се одлучиле своето високо образование да го стекнат токму на овој факултет. Во првиот и вториот уписен рок се запишале над 240 студенти, а на третиот се пријавени повеќе од 30 студенти.И оваа година најголем интерес студентите покажале за студиската програма Царина и шпедиција, каде квотата е пополнета уште во првиот уписен рок , како и за насоките осигурување и туризам.Спо…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top