Добрата орална хигиена резултира со убава насмевка само со примена на композитни пломби. Амалгамските пломби пак, иако во стоматологијата се употребуваат повеќе од 200 години современиот начин на живот полека ги истиснува од употреба и се замнуваат со композитните, вели Д-р Небојша Баткоски од стоматолошката ординација Д-р Баткоски. Секако покрај естетските постојат и бројни здравствени причини кои композитните се во предност за разлика од амалгамот. Амалгамот во себе има хемиски елементи како што се жива и олово кој во зависност од концентрацијата може да имаат штетно делување врз ор…
Многу ударни дупки долж целата улица, без тротоари по кои би се движеле пешаците.
Поради паркираните автомобили од двете страни на коловозот, тие се приморани да се движат по самата улица. Ова е сликата на најдолгата улица во градов, улицата „Абас Емин“, слика која за жал со години наназад е непроменета. Целосната реконструкција на оваа улица во многу наврати била најавувана од повеќе локални власти низ годините, но факт е дека „Абас Емин“ нема видено поголема количина асфалт со години наназад. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека во еден среден рок …
Превенцијата е секогаш подобра од било кој лек, велат докторите. За да може човечкиот организм да се бори против вирусите и бактериите кои се кријат буквално насекаде, потребно е имунолошки систем да биде силен. Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Познатиот педијатар д-р Никола Филев, за ТВМ кажува дека детскиот организам има перманентна потреба од витамини, но не треба да се претера со дозирање. „Педијатријата како превентивна гранка во медицината обично, гледа да ги превенира состојбите, со тоа што…
Повторно деновиве гори депонијата Буково. Граѓаните реагираат дека во одредени делови од градот и околината се чувствува смрдеа и чад најчесто навечер, па до раните утрински часови.
-Да, се чувствува. Има неколку дена има некоја миризба. Не можеш да отвориш прозори. Чувствуваме мирис на горено, на чад …“ „Депонијата во Буково се чувствува, но во зависност од времето. Со промена на времето слегува чадот. Смета, не смета – мора да се живее. Апел до институциите, веројатно има некои што може да преземат нешто, да се сопре ова.-реагираат граѓаните.
Проблемот со депонијата не е нов, трае в…
На ден 30.09.2015 година (среда) во малата сала на општина Охрид, со почеток во 14 часот, закажана е СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО ОПШТИНА ОХРИД, со следниов дневен ред:1. Усвојување на записникот од конститутивната седница на Советот2. Извештај за одржаните активности кои Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ги реализира во периодот јуни-септември 2015 година 3. Избор на заменик претседател на Советот4. Информација за претстојната активност на Републичкиот совет за безбедност на патиштата во сообраќајот поврзана со В…
Трета година со ред нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот „Охридско лето“ ја добива наградата „најуспешна манифестација“ од страна на Министерството за економија за нивниот придонес во развојот на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска вели дека фактот дека некој ја следи работата на фестивалот и за тоа ги наградува навистина го ценат.
„Претставува за нас огромна чест и задоволство, претставува голем поттик и признание за тоа што го правиме и градиме . Ја започнавме приказната со „Охридско лето ви препорачува“, сакавме и донесовме стратегија за п…
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до советниците од СДСМ Охрид дека проектот за малото пристаниште го користат за политички маркетинг. Координаторот на владеачката партија, Илија Арнаудоски вели дека СДСМ прави обиди за извртување на вистината и класично манипулирање со јавноста во врска со реализацијата на проектот за изградба на малото пристаниште.
„Веројатно од СДСМ- Охрид и од советничката група се збунети од големиот број на проекти кои истовремено се одвиваат во Охрид и притоа измешале дека реализацијата на овој проект ќе биде финализирање на проектот за изградба на мала…
Малото пристаниште ќе биде приватен ресторан на лица блиски до власта-обвинија денес советниците од Сдсм од Охрид. Тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ државниот имот го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа, според СДСМ, стануваат финансиери на партијата. Додаваат дека од проектот за малото пристаниште корист ќе имаат само поединци блиски на власта.
„Дрскоста на власта на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што на најубавиот дел од Охридското Езеро лажно им ветува на граѓаните дека ќе биде изградено пристаниште за 20-тина пловни објекти, а како што и сами можете да видите, тука нема ни потребна длабоч…