Зајакнете го имунитетот пред сезоната на грипови и настинки

Промената на годишните времиња и доаѓањето на зимата секогаш се голем тест за имунитетот. Во овој период од годината секој се обидува да го зајакне својот имунитет. Природна храна збогатена со витаминии еден од најефктивните начини за подобрување на имунитетот, советуваат лекарите. Балансираното хранење на телото му ги дава сите хранливи материи потребни за борба против болестите.

 |  Биљана Николоска  | 

Превенцијата е секогаш подобра од било кој лек, велат докторите. За да може човечкиот организм да  се бори против вирусите и бактериите кои се кријат буквално насекаде, потребно е имунолошки систем да биде силен. Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Познатиот педијатар д-р Никола Филев, за ТВМ кажува дека детскиот организам има перманентна потреба од витамини, но не треба да се претера со дозирање.

„Педијатријата како превентивна гранка во медицината обично, гледа да ги превенира состојбите, со тоа што имунолошкиот статус кај децата во овој период кај децата се менува, пожелно е да се консумира пред се природна храна, збогатена со витамини, меѓутоа во педијатријата не сме за суплементите, посебно за шумливите таблети да се избегнуваат. Најдобро е да се оди на природна исхрана, овошје, зеленчук по рецептите на нашите стари кои не одгледувале, бидејќи се смета дека тие витамини кои што се природните производи се многу по ресорбливи, ги аплицираме прирадно и организмот ги препознава и многу лесно ги ресорбира, а тие од друга страна го подобруваат имунитетот“ – изјави д-р Филев.

Белите зла, шекерот, солта, како и мрсната храна се еднакво штетни за организмот и овој период добро би било да се избегнуваат онолку колку се може, советува д-р Љупчо Костески. Тој појаснува дека врз состојбата на имунитетот влијаат многу медицински моменти. Според него, генерално земено,  отпорноста на луѓето при драстични временски се променува, но сеуште немаме големи временски промени

 „Изборот е огромен, ако влезете во една апотека ќе видите од многу фими огромен избор на препарати кои се во понуда. Но, истиот или сличен избор може да се најде во блиските пазари, сме го заборавиле лимонот, киви, портокали, охридскиот патлиџан, јабучар кој е пребогат со ликопен и е голем антиоксидант. Значи моментално во храната иамме толкав голем избор на витамини, да овие препарати треба да ги оставиме за подоцна“ – вели Костески.

Генерално, лекарите за зајакнување на имунитетот велат дека неопходни се здрави навики и одговорно однесување, правилна исхрана, доволно сон, редовно одмарање, секојдневни физички активности, намалување на стресот, одржување на личната хигиена, одржување на хигиена на просторот. Само со, правилна и здрава исхрана се зајакнува имунитетот. Во организмот треба да се внесуваат неколку помали редовни оброци кои треба да содржат доволно: витамини (особено Д, Ц и А), минерали, антиоксиданси, растителни влакна, протеини, јаглени хидрати и калории.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top