Окт 3, 2015

Локален развој, но не по цена на природата

Основниот проблем при заштитата на природните богатства е  паралелното постигнување на локалниот развој. Според Македонскиот зелен центар ако сакаме оптимален локален развој, локалните самоуправи, па и централните власти развојот мора да го градат во партнерски сооднос со заштитата на она што го имаме како природно богатство. Методија Саздов, претседател на „Македонски зелен центар“ вели дека токму поради тој локален развој во моментов голем број на заштитени подрачја се наоѓаат под голем ризик и притисок од разни инфраструктурни проекти. За нашиот град ги посочи случајот со ски центарот на…

Јул 7, 2021

Утре да не се паркираат возила на „Јане Сандански“

Општина Охрид упатува апел до жителите на ул. „Јане Сандански“ и до останатите охриѓани и туристи , утре (08.07.2021), да не ги паркираат или оставаат привремено своите возила на оваа улица поради градежни зафати кои ќе се одвиваат,а согласно постапката за реконструкција на истата. Доколку граѓаните не ги отстранат сами, возилата ќе им бидат подигнати со пајак служба на нивни трошок.

Окт 3, 2015

Д-р Симоноска: Проблемот со излевање на колекторот мора да се реши час поскоро

Езерската вода крај брегот на некогашниот автокамп Андон Дуков, хемиски и микробиолошки исправна. Дополнителните испитувања беа направени по првите поразителни резултати од почетокот на годинава, кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри. Имаме голема среќа што Охридскот Езеро има голема водена маса и што е способно за самопрочистување, вели д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија. Но сеуште со сигурност не е детектиран изворот на загадувањето. „Што беше тоа нешто, дали беа …

Окт 3, 2015

Децата со неоправдани , нивните родители редовни

Проектот советување на родители на Министерството за образование и наука продолжува. Советувањето со родители на деца кои не посетуваат настава, имаат слаб успех или демонстрираат несоодветно однесување,, се покажало како успешна метода, па властите донеле одлука за негова натамошна примена вели проф. Миле Гиноски од МОН. „Министерството за образование и наука ја воведе институцијата советувањње на родители како законска обврска во државата, на родителите, а тоа е институција ако детето пројави три единици една по друга, десет изостаноци неоправдани и пројави девијантно однесување во училиш…

Окт 2, 2015

Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат

Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат.Според Борис Ерг од Меѓународната Унија за заштита на природата, инфраструктурните проекти не се единствен начин на обезбедување на локалниот развој. Постојат глобални стандарди за тоа како треба да се управува со заштитените подрачја, односно стандарди за добро управување со националните паркови. Борис Ерг, директор на програмата за Југоисточна Европа на Меѓународната унија за заштита на природата вели дека оваа организација ја поддржува идејата за постигнување на одржлив развој, но и дека истата во прак…

Окт 2, 2015

Алкохол со сомнително потекло по пазарите и некои угостителски објекти

На охридскиот пазар и во рестораните се продава алкохол без бандероли. Истата појава инспекцискиот надзор ја констатирала и на пазарите и рестораните во Струга, Вевчани Прилеп, Битола, каде се продавала домашна ракија, коњак, виски, узо и аквавит без бандерола, како што соопшти Царинската управа, до Битола. Имено, повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки, во средата и четвртокот спровеле акција на повеќе зелени пазари како и во малопродажни угоститески објекти кои вршат промет со акцизни добра . Во пет случаи од физички лица што продавале …

Окт 2, 2015

Заштитата на Охридското езеро заеднички именител за Македонија и Албанија

  Или ќе го заштитиме Охридското езеро на прекуграничен начин или никако, ова беше истакнатo на денешниот работен состанок во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО кој се одржува во Охрид. Главни цели на состанокот се идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското Езеро. Не може само едната страна на пример македонската да се грижи за заштитата на езерото а од албанска да се…

Окт 2, 2015

Охридски Комуналец ќе подига кабаст отпад од Горна Влашка маала

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов„, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mала“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top