Д-р Симоноска: Проблемот со излевање на колекторот мора да се реши час поскоро

Квалитетот на езерската вода да се испитува континуирано во текот на годината со цел да се лоцираат причините зошто фекалии од колекторскиот систем завршуваат во езерото. И покрај големата моќ на Охридското езеро за самопрочистување овај проблем мора да се реши час поскоро велат стручњаците.

 |  Биљана Николовска  | 

Езерската вода крај брегот на некогашниот автокамп Андон Дуков, хемиски и микробиолошки исправна. Дополнителните испитувања беа направени по првите поразителни резултати од почетокот на годинава, кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри. Имаме голема среќа што Охридскот Езеро има голема водена маса и што е способно за самопрочистување, вели д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија. Но сеуште со сигурност не е детектиран изворот на загадувањето.

 „Што беше тоа нешто, дали беа испусни цевки од колекторот кога ќе се исклучат пумпите и фекалните води завршуваат во Охридскот Езеро. Претпоставка, цевките се поставени на поголема длабочина и тоа најдобро го гледаат рибарите. Доста од тие рибари мене ми се јавија кога прв пат се постави овој проблем за Андон Дуков. Обично тоа се прав икога врне, тогаш пумпите се исклучуваат и фекалната вода преку испусни цевки завршува во Охрдско Езеро на повеќе места покрај брегот не само кај Андон Дуков“ – изјави д-р Симоноска.

Симоноска смета дека во прашање е човечки фактор. Додава дека разбирливо е да се расипе пумпа, но треба веднаш да се вклучи друга, додека не се поправи расипаната. Но според неа доколку се исклучуваат пумпите заради високата цена на струјата, тое е несовесно однесување на одговорните за колекторскиот систем.

„Да се исклучува пумпа за да не се троши струја а фекалиите да одат во Охридското Езеро… тогаш зошто се правеше колекторскиот систем. Јас сметам дека тој проблем треба да се реши во најскоро време. Бидејќи да знаете дека за неколку години нема да можиме да влезиме во езерото – вели д-р Симоноска.

Инаку, д-р Симоноска смета дека секојдневно треба да се испитува квалитетот на езерската вода без разлика дали е во прашање летната сезона или во зима во пресрет на големиот празник Богојавление – Водици. Само така ќе се допринесе да се открие вистинскиот причинител на загадувањето на делови на Охридското езеро а паралелно со тоа да се преземат законски мерки, со кои би се спречило истото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top