Вечерва во Охрид, СДСМ пред охриѓани го претстави првиот столб, Одговорна власт и контрола над власта, од проектот „Визија за Македонија“.
Промените во Македонија доаѓаат, порача првиот социјал демократ Зоран Заев. Охриѓани знаат најмногу да сугерираат за Охрид и затоа бараме памет, сугестии, корективи и забелешки на проектот кој го нарековме „Визија за Македонија“.
„Знаете дека Охрид е посебно богатство за сите нас, не само на Охриѓани туку и на Струмичани, Скопјани, Кумановчани и сите за Охрид имаме посебни делови од нашата визија, нашата програма. Според нас овие 9,5 години Охрид е ун…
Подари орган-спаси живот! Со цел да се подигне свеста на јавноста за трансплатација и органодарителство, втората сабота од месец октомври земјите од Европа ја посветуваат на одбележување на Европскиот ден на органодарителство. Денес Здружението НЕФРОН по четврти пат го одбележа Денот на органодарителството во Р.Македонија. Д-р Љубинко Трпеноски нагласи дека трансплантацијата е единствената терапија во медицината во која човекот му помага на друг човек со орган,и трансплантацијата на бубрези е најзастапена во целиот свет. „Првиот закон за органодарителство во РМ е донесен во 1995 година. Од …
Туристичката сезона која измина за некого успешна за некого не. Во недостиг на официјални бројки сеуште се шпекулира колку гости летово што измина имаше во Охрид. Оваа година немавме класична летна сезона, велат туризмолозите. Бидејќи времето во јуни беше прилично студено и врнежливо сезоната оваа година започна подоцна, но затоа пак во септември времето не послужи па гости на охридската ривиера имавме и минатиот месец. Хотелиерите велат дека имало подобрување во однос на минатото лето.Задоволни сме од сезоната. Времето не послуижи па имавме и туристи кои доаѓаа ад хок и кои резервираа од д…
Безбедноста на храната во однос на млекото и сурово млеко, сеуште 100% не ги има постигнато Европските стандарди, обелоденуваат експертите по оваа проблематика. Генерално земено во земјава нашите производители се мали, односно 70% имаат 3-5 крави и тие тешко можат да ги воведат системите за безбедност, хигиена итн, вели проф Соња Србиноска проф. на факултетот за Земјоделски науки и храна.„Во однос на млекарската индустрија и таму е направена категоризација, имаме млекари кои што соодветно работат имаат извозни, за жал само една има извози за бројче на ЕУ, околу 20 сетина имаат извозни во тр…
Оваа година за прв пат е воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“. По оваа улица ќе се одвива еднонасочен сообраќај во правец од пресекот со улица „Гоце Делчев“ кон „Горна Порта“ и од „Горна Порта“ кон улица „Крум Точко“. Едната страна од улицата ќе може да се користи за паркирање на моторни возила согласно предлог мерките и издадената согласност од Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид.
Се упатува апел до граѓаните и туристите во целост да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот во текот на…
Сушеното јаболко кое е органски произведено е најдобриот и најздравиот десерт. Овај начин на подготвување на овошјето кој го применувале нашите баби и дедовци повторно се актуелизира. Тимот на земјоделската фирма „Агриком“ заедно со својот партнер од Ресен кој е производител на органски јаболка изготвиле еден пилот проект за сушено јаболко. Првичните резултати се многу позитивни бидејќи добиле здрав производ кој е баран на странските пазари.Јаболкото е сушено на најприроден начин. Не се користени индустриски сушари, но за поголемо производство треба да се направи сушара во која ќе се корист…
Одбележан 11 ти Октомври денот на востанието на Македонскиот народ. На 11 Октомври пукнале првите пушки во Прилеп а наредниот ден и во Куманово. Борците на Првиот Прилепски партизански одред Гоце Делчев на 11 Октомври извршиле напад на Бугарската полициска станица, прилепскиот затвор и ја прекинале телефонско-телеграфската мрежа. На 12 Октомври се огласиле истрелите на Кумановските партизани, почнала четиригодишната народно ослободителна борба за ослободување на Македонија. По повод овој ден денес во општинската зграда се одржа свечена седница. Пред присутните се обрати заменик градоначалн…
Слаткото од охридски цреши ќе им се нуди како сувенир на туристите. Убаво спакувано во мали теглички со убав дизајн во кои ќе има по неколку цреши, ќе биде слатко задоволство за гостите кои ќе го посетат градов. Ова е убава замисла на професори од земјоделскиот факултет. Охридската цреша која има прекрасен вкус и која зрее подоцна од останатите и е специфична по многу нешта мора да се брендира и да стане препознатлив производ за Охрид, вели Др Илија Цанев од Факултетот за земјоделски науки и храна.Традиционалното производство ние мораме да го зачуваме во Македонија. Не смееме да дозволиме д…