Сезоната која измина хотелиерите велат дека е подобра од лани

Сеуште немаме официјални податоци за бројот на туристите кои ова лето го посетија Охрид. Според некои неофицијални податоци оваа сезона била поуспешна од минатата. Хотелиерите велат дека кај нив бројот на гости ова лето бил за 30% повисок од минатото. Но нема податок колкав е финансискиот бенефит од тоа.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Туристичката сезона која измина за некого успешна за некого не. Во недостиг на официјални бројки сеуште се шпекулира колку гости летово што измина имаше во Охрид. Оваа година немавме класична летна сезона, велат туризмолозите. Бидејќи времето во јуни беше прилично студено и врнежливо сезоната оваа година започна подоцна, но затоа пак во септември времето не послужи па гости на охридската ривиера имавме и минатиот месец. Хотелиерите велат дека имало подобрување во однос на минатото лето.

Задоволни сме од сезоната. Времето не послуижи па имавме и туристи кои доаѓаа ад хок и кои резервираа од денес за утре па дел од својот одмор го поминаа кај нас. За време на летото бевме полни, а во септември претежно имавме гости од конгресен и културен туризам, вели Aтанас Николоски од хотелите „Метропол“ и „Белви“.
И од хотел Десарет кажуваат дека бројот на гости за разлика од минатото лето им се зголемил и тоа за 30%. Имало гости од цел свет, а во август речиси цел месец кај нив се одржувала меѓународна конференција на медицинари па гостите кои престојувале го споиле работниот дел со забавниот.

Имавме посетители од цел свет. Со еден збор кажано сезоната беша добра. Туризмот оди во нагорна линија и во наредниот период се надеваме дека ќе биде уште подобро. Ние правиме се за да ги задоволиме потребите и вкусовите на различни категории на туристи, вели Билјана Шулеска од хотел „Десарет“.

Периодов до крајот на годината во хотелските објекти во градов најзастапени се гостите кои се дел од некои конгреси и семинари. Се подготвуваат и за новогодишните и божикните празници, а потоа следува период кога бројот на гостите е помал па тие месеци  се користат за реновирање и осовременување на хотелските објекти.
Според некои неофицијални податоци за бројот на гостите во Охрид во изминативе четири месеци, сезоната која измина може да се нарече успешна, но недостасува податокот колкав приход тие гости им донеле на туристичките работници од градов .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top