Најавите за изградба на хотелски капацитети на атрактивната локација кај авто кампот „Градиште“ предизвика револт кај жителите од Пештани кои 15 години водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште. Хотелите на пет ката кои Министерството за транспорт и врски ги предвидело на површина од над 57 илјади метри квадратни, се дел од планираната туристичка развојна зона за која министерството веќе го објави и нацрт-извештај за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко планската документација. Пештанци, преку здружението на граѓани „Градиште“ велат дека ќе се борат …
Средношколците во Охрид повеќе да се вклучат во процесот на одлучување во своите училишта. Ова беше тема на денешната дебата во која покрај ученици учество зедоа и двајца директори на средни училишта во градов како и преставници на локалната самоуправа.Разговаравме за тоа како може попродуктивно да бидат вклучени средношколците во одредени процеси на донесување одлуки и тоа не само за обични прашања туку и за посложени кои ги тангираат нив и нивните образовни центри, вели Весна Цветаноска, локален координатор на комисијата СЕГА за Охрид.Ваквите дебати се дел од проектот Конвенција за заштит…
Започна изработката на локалната стратегија за развој на туризмот. Веќе се формира и координативното тело кое ќе работи на нејзе. Во него има преставници од Локалната, од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, од ФТУ, ХОТАМ, Националната асоцијација на патнички агенции, еснафот на туристички водичи и од сите други субјекти кои директно се инволвирани во развојот на туризмот во градов. Охрид досега немаше стратегија за развој на туризмот па се што се преземаше околу развојот на оваа стопанска гранка беше парцијално и без некоја подлабока анализа.Очекуваме со оваа стратегија да се доб…
Денес, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, го означија стартот на градежните активности за реновирање на објектот во кој ќе бидат сместени двата Дневни центри, за лицата со пречки во развојот и за деца со аутизам. Имено во рамки на ОУ „Братство единство“ ресорното министерство и општина Охрид со заеднички сили ќе опремуваат простории со вкупна површина од 210 м квадратни, специјално наменети за лицата со посебни потреби. Градоначалникот Бакрачески истакна дека со тоа создаваат услови за непречено функционирање на центри кои што …
Влезот во населбата Христо Узунов нема прегледност и сообраќајот станува ризичен. Причина е запуштена ограда која ја попречува прегледноста на улицата Даме Груев и нејзиниот крак кој води во населбата. Во многу случаи во последен момент се избегнуваат сообраќајни несреќи, се жалат жителите кои имале непријатности и стресни ситуации на овој пресек. Ванчо Бочвароски, претседател на урбаната заедница Даме Груев за ТВМ потврди дека овој потег за жителите од УЗ е сериозен сообраќаен проблем. Бочвароски напоменува дека уште во септември минатата година од фондот за комунални дејности побарале …
Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости.
Празникот е познат кај народот како Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.
По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу н…
Проектот за изградба на скијачкиот центар на Галичица сеуште чека понуди од заинтересирани компании кои ќе го реализираат големиот инвестициски проект. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, станува збор за проект кој треба во голема мера да придонесе за развојот на економијата во градов преку развојот на зимскиот туризам.
„Засега, немаме компанија која што е блиску со своите понуди или со своите проекции до реализација на овој голем инвестициски зафат кој што би требало да биде некаде 76 милиони евра, досега немаме компанија која што е блиску до реализација или до прифаќање н…
Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово заеднички ќе работат на сузбивање на нелегалната трговија со оружје. Денес шефовите на полициите од овие земји потпишаа и меморандум за соработка со кој се официјализира и формирањето на експертска група која ќе работи на подигнување на превенцијата, ефикасноста, оперативноста и соработката во справувањето со овој вид на криминал.
Петер Доналд Колмрон од Нордиската полиција и царински врски смета дека официјалното формирање на експертската група од Југоисточна Европа и тоа како ќе придонесе за откривање на нелегалната трговија со огнено оружје во ре…