Настапот на хармоникашот Петрески и пијанистот Рафајловски беше во рамките на „Подиумот на млади“ на фестивалот „Охридско лето“.
-Првпат настапувам на „Охридско лето“. Огромна е честа да се свири тука и особено на ова место. Поканата ми дојде како вистинско изненадување. Како изведувач, отсекогаш сум сакал да настапам на фестивалот. Со оглед дека е еден од најголемите фестивали во земјава и пошироко, го сметав за недостижен, но со самото искуство со годините, сѐ се достигнува, изјави Филип Петрески кој изведе дела компонирани во 21 век, најчесто од руски автори.
Неговиот колега, пијанист…
Очите на занаетчиите се вперени во новиот закон за занаетчиска дејности и негово што поскоро донесување. Новиот закон за занаетчии е во собраниска процедура па се очекува пратениците да дадат зелено светло за негова примена. Враќањето на калфите во дуќаните е една од најголемите придобивки на занаетчиите со новиот закон, вели Сашо Богоески претседател на регионалната комора на занаетчии и еден од иницијаторите за оваа потреба кои ја бараа со години.„Секој занаетчија ќе може да има право на калфа и ќе може да го чува една година. При тоа ќе има право на паричен надоместок од 15 посто …
Охрид се попривлечен за израелските гости. Природните убавини, културното наследство на градот според кое е познат како балкански Ерусалим, храната и поволните цени е она што ги поттикнува овие туристи да го одберат нашиов град како дестинација која сакаат да ја посетат. Веќе се започнати првичните анализи каков профил на гости се израелските туристи и врз основа на тоа ќе се планираат и понатамошните активности земајќи во предвид дека наредната година ќе имаме и чартер летови од Израел, вели Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР.При неодамнешната посета на Израел преставниците на Локална…
Проблемите со јавното осветлување ќе бидат целосно надминати по Нова Година-најавуваат од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Од таму информираат дека веќе е започнат процесот на промена на обичните сијалици од уличното осветлување со новите, лед, економични светилки. Во првата фаза од процесот на промена на уличните светилки предвидено е да се опфатат местата како Сирула, Оровник, Вапила, Ливоишта, Куратица, Рамне, Велестово и Рача. Во моментот се работи на поголемите населени места, Лескоец и Велгошти.
„Отпочната е таа акција за менување на старите натриумови и живини свет…
Доколку принудно се повлечат пари од сметка, трошоците ќе ги плати самиот обврзник, велат од УЈП.Сите што имаат обврска да плаќаат радиодифузна такса да го направат тоа навреме и во утврдениот рок, апелираат од Управата за јавни приходи, бидејќи во спротивно, даночната администрација ќе почне со присилна наплата на долговите. Тоа значи дека УЈП сама ќе си ја реализира наплатата на радиодифузна такса преку повлекување пари од сметките на обврзниците што не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок. „Повикот за плаќање на радиодифузните сметки е обид да се зголеми процентот на нап…
Од АМСМ ги информираат сите учесници во сообраќајот дека денес сообраќајот ќе биде повторно во прекин поради изведување работи на пат на патниот правец А2 Кичево-Охрид.Имено поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресeка и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14.30-16.30 часот.
Нуркањето е една убава авантура која му ја исполнува душата на нуркачот со убавините на подводниот свет. Но сепак, ограниченото време на нуркање може да носи и опасности кои можат да завршат фатално. Врската на нуркањето и медицината ја опишува д-р Горан Балевски во своето прво дело „Подводна и хипербарична медицина“, кое синоќа беше промовирано пред охриѓани. Рецезентот д-р Здравко Тројачанец истакна дека авторот на делото е голем вљубеник во езерото, во Охрид, во професијата, во нуркањето и вљубеник воопшто во спортската дисциплина. Додава дека книгата е мала по обем, но голема по пораки…
На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид.
Тој, претходно на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник кој, извршувал работи од областа на безбедноста во сообраќајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.