ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности изведба на тротоар на Бул. Јане Сандански на потегот од раскрсницата кај гимназијата Св. Климент Охридски наспроти учителската зграда во должина од 100 метри.Овој потег кој до сега беше незаштитен и небезбеден за движење на пешаците претставуваше и проблем на жителите кои живеат на тој дел бидејќи при врнежи водата често се слева во нивните куќи и дворови.Со оваа градежна активност се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на тој потег како и се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
По тешката и неизвесна победа над Бутел охриѓани ги очекува ново ракометно дерби. Одморени, во позитивна атмосфера го очекуваат Пролет, дирекниот конкурент за 6-тото место во Суперлигата кое носи плеј-оф. Противникот е анализиран и клучно е да се запре брзиот проток на топка помеѓу бековите кој доста често завршува до пивотменот Аларов, најдобриот играч на Скопскиот тим.
Да добро кажавте клучен натпревар за пласман во плејоф и е многу важен за нас. Се подготвуваме максимално и физички и психички. Ќе се обидеме да го намалиме бројот на технички грешки. Се трудиме, работиме на тоа максимал…
Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти повикани за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што на петти овој месец во 11 часот ке се одржи во хотелот Амбасадор кај Подмољје.Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Работниот состанок ќе значи уште еден обид за синхронизирање и координирање на мерките на сите …
Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, денес во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба ќе ја координираат министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на Националните комисии за УНЕСКО.
На седницата посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО, ќе учествуваат и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Н…
ЈУМ Центар за социјална работа – Охрид информира дека законската годишна обнова за корисниците на правото на СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ ќе се одвива во периодот од 09.11.2015 година до 11.12.2015 година секој работен ден во просториите на ЈУМЦСР Охрид, а тоа се однесува за општина Охрид и општина Дебарца.Потребна документација за годишната обнова е:-Важечки лични карти за сите возрасни над 18 годишна возраст-Пресуда за развод на брак (доколку лицето е разведено)-Пресуда за определена законска издршка-Потврда за студент
Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ се поднови со четири специјални возила за подигање на комунален отпад и една хидростатична правосмукалка за собирање на помал отпад. Инвестицијата вредна околу 306.000 евра е прво посериозно вложување во ова јавното претпријатие после 17 години, со што сега ќе може да со подигне нивото на квалитет на услугите кон граѓаните. Многу често Охрид беше критикуван поради хигиената во градот. Сега тоа ќе се надмине бидејќи се заменуваат старите и дотраени возила кои создаваа сериозни проблеми во функционирањето на претпријатието при обавување на основната…
Претставниците од Локалната самоуправа, образовните институции, невладиниот сектор и спортските клубови и асоциации, денес беа запознаени со можностите што ги нуди програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт „ Еразмус плус“ како и за начините за аплицирање и користење финансиска поддршка за разни проекти. Овој инфо ден беше организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и општина Охрид. Целта на оваа програма е да се зајакнат вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обука и младинска работа, како и обезбе…
Само четвороодделенците и петоодделенците од неколку основни охридски училишта досега организирано ја посетиле Златната соба во Музејот на Робевци. Во помал број ја посетиле учениците од историските секции во вишите одделенија, додека за поголема органзирана посетеност на ниво на училишта кои ја виделе Златната соба не станува збор. Затоа пак во наставните програми училиштата имаат организирани посети на музеи во главниот град.
Од училиштата кои ТВМ ги контактираше повеќето планираат да ја посетат домашната Златна соба организирано според наставните планови во мај или јуни идната го…