Благодарение на поголемиот прилив на средства во општина Охрид, локалната ги зголеми предвидените средства за превоз и нафта во училиштата. Овие дополнителни средства кои се издвоија со последниот ребаланс на буџетот, според секретарот на општината Димитар Спасески се единствено во насока на регулирање на наследените долгови на училиштата кон економските оператори кои ги снабдуваат училиштата со нафта и кои го вршат превозот на учениците. Според опозицијата во градскиот совет пак, ваквото зголемување наговестува дека локалнатата работи недомаќински во делот на трошењето на нафтата и превозо…
Градоначалникот, Константин Георгиески денеска оствари протокларна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, која беше во втора официјална посета на Општина Охрид.
На средбата се разговараше за активностите кои општината ги презеде во текот на изминатиот период, во делот на почитување на законските прописи, исполнување на препораките на УНЕСКО, имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство како и за претстојната сесија на Комитетот на УНЕСКО, на која треба да се донесе конечна одлука за Ох…
Нема да дозволиме никогаш да се влошат меѓуетничките односи во Р Македонија или некој да иницира и да ги потпали страстите. Ова го порача Реисул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи на денешниот работен состанок на муфтиите во Охрид, коментирајќи го последниот извештај на ЕУ во кој се посочува дека меѓуетнички односи во Македонија се многу кревки. Со оглед на тоа дека се наближуваат изборите, се наметнува прашањето дали партиите и политичарите би можеле меѓуетничките односи да ги искористат за задскривање на некои други работи. Реџепи со став.„Веројатно има органи и тука се меѓународните факто…
Под мотото “Детската насмевка е повредна од највредното богатство”, Форумот на жени на СДСМ Охрид на ден 13.11.2015 година организира хуманитарна акција по повод 20-ти Ноември, Меѓународниот ден на детето. Форумот своите кулинарски специјалитети ги изложи на продажба пред своите сопартијци. Средствата собрани од хуманитарната акција ќе бидат наменети за деца кои живеат во семејства со тешка финансиска состојба.
Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да потсетиме дека децата се ранлива категорија на општеството, а општеството е тоа кое треба да ја обезбеди нивната благосостојба, велат од Ф…
53 милиони евра долгови на Охрид, блокирани сметки на јавните претпријатија и училиштата, стотици и стотици извршни решенија за наплата на долг и огромни камати за враќање оставени од нивниот градоначалник и нивното раководство зборуваат за нивната замисла за власт и владеење. Денеска истото раководство кое го урниса Охрид и без срам повторно ќе бара доверба од граѓаните, го критикува градењето на една од најзначајните градби во Охрид и околината – затворениот градски базен.Господа од СДСМ, припремете се да критикувате за градењето на новиот затворен градски пазар, новата модерна автобуска …
Културните манифестации во градов немаат подеднаков третман и финансиска подршка од Локалната, смета советничката од редовите на СДСМ, Oливија Пирузева Јанева. Таа истакна дека од буџетот на општината за манифестацијата „Прличеви беседи“ се издвоиле само 10 000 ден, додека пак за манифестацијата „Живко Чинго“ 121 000 ден.
Навистина воопшто неизбалансирана и несоодветна прераспределба на средствата. Дури и за „Поетската ноќ во Велестово“ издвоени се 40 000 ден. За „Бадниковата поворка“ 20 000 ден, а за „Прличевите беседи“ само 10 000 ден. По кој критериум се прави распределбата, прашува …
Последни законски предвидени поместувања во општинскиот буџет за оваа година. Советниците во градскиот совет денес дискутираа за реализацијата на програмите на секторите на локалната самоуправа, биле тие годишни или развојни. Во рамките на ребалансот на буџетот пак, кој е последен кој законодавецот го предвидел за една буџетска година, се дискутираше и по однос на поместувањата кои локалната ги предвидува по пооделните сектори, односно во нивните програми. Токму тука беа забелешките на опозицијата во градскиот совет кои реагираа дека самиот ребаланс се прави нетранспарентно и дека тие како …
Јавното претпријатие „Градски пазар“ ја проширува својата дејност. Од денес ќе се занимава со правење и одржување тезги, дрводелски работи, одржување на покривни конструкции, а планирано е да отворат и градска авто перална каде ќе одржува хигиената на автомобиилите со кои располага локалната самоуправа и јавните претпријатија, но и автомобилите на граѓаните на Охрид.„Со овие нови дејности ќе се зголеми буџетот на претпријатието, а и ќе се ангажираат некои од вработените кои моментално имаат помал обем на работа“, вели Тони Коталески, директорот на ЈП Градски пазар.Коталески објаснува дека и…