Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид

Под мотото “Детската насмевка е повредна од највредното богатство”, Форумот на жени на СДСМ Охрид на ден 13.11.2015 година организира хуманитарна акција по повод 20-ти Ноември, Меѓународниот ден на детето.

 |   | 
сдсм охрид

сдсм охридПод мотото “Детската насмевка е повредна од највредното богатство”, Форумот на жени на СДСМ Охрид на ден 13.11.2015 година организира хуманитарна акција по повод 20-ти Ноември, Меѓународниот ден на детето. Форумот своите кулинарски специјалитети ги изложи на продажба пред своите сопартијци. Средствата собрани од хуманитарната акција ќе бидат наменети за деца кои живеат во семејства со тешка финансиска состојба.

Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да потсетиме дека децата се ранлива категорија на општеството, а општеството е тоа кое треба да ја обезбеди нивната благосостојба, велат од Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид.  Децата се нашите идни судии, во текот на нивниот детски живот секој од нас остава свој печат. Свесни сме дека оваа наша хуманитарна акција не може да го промени нивниот живот, не може да ги реши нивните грижи, да ги оствари нивните неостварени детски соништа, но длабоко сме убедени дека набргу СДСМ ќе создаде услови децата да живеат во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправноста, ќе го спречи хаосот во здравството и образованието кој со години безмилосно беснее и удира по нашите најмили, велат од Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид.  Децата се нашето дело на кое најмногу се гордееме. Тие се нашиот поттик и стремеж да делуваме и да градиме подобра иднина.

      

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top