Ное 23, 2015

Малите охридски танцови волшебници од Соната, вистински хит на најмасовниот Денс фест-Србија

Танчерите од охридското студио Соната вистински хит на едно од најголемите натпреварувања во танц во Источна Европа, Денс фест Нови Сад. Тие за прв пат земаат учество на овој масовен натпревар и со своето кратко искуство што го имаат, но со полната енергија со која работат успеале да се покажат како едни од најдобрите балкански клубови за танц. Даниел Наумовски, од Соната денс клубот вели дека се чувствуваат навистина горди што успеале да се натпреваруваат со некои од најдобрите клубови од европа, да се појават на огромната сцена во Нови Сад и притоа и да се вратат со медали од таму. “Се в…

Ное 23, 2015

Игри без маска-Театар без дискриминација 2015

Учениците од посебните и редовните паралелки на ОУ „Св.Климент Охридски“ учествуваа на Националниот фестивал за лица со и без хендикеп „Игри без маска – Театар без дискриминација 2015″, кој се одржува во Драмскиот театар во Скопје. Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ се претставија со „Легенда за Охрид“ и покажаа дека во уметноста нема граници, нема бариери, зошто сите ученици на сцената имаа иста задача – различноста не спојува во еднаквост пред публиката. А токму и карактерот на овој фестивал ја имаше задачата да покаже дека сите ние живееме под исто сонце без дискриминација на лицата …

Ное 23, 2015

„Охридски комуналец“ го чисти брегот

После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид,  службите на Охридски Комуналец беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниов ден. Невремето беше проследено со силен ветер, што допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред х.Палас. Во текот на вчерашниот ден се расчисти пристаништето, а денес се расчисти и просторот околу малото пристаниште. Активностите се реализираа по добиен налог од општинскиот инспекторат и подигнати се вкупно 30м кубни отпад. Интензивирани беа и активностите за расчис…

Ное 23, 2015

„Мозочињата“ учеа како до нула отпад

Учениците кои ја следат едукативната БРЕИНОБРЕИН програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини, денес имаа единствена можност, од претставници на Друштвото за управување со отпад  „НУЛА ОТПАД“,  да се запознаат со постапките за отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина, со акцент на електрична и електронска опрема и отпадни батерии. Најмладите и практично можеа да го отстранат електронскиот отпад и отпадните батерии кои ги донесоа од своите домови или најдоа во своето опкружување, со ставање на истите во специјални посади за ск…

Јул 13, 2021

Граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја

Од први јули важи одлуката на РКЕ со која граѓаните ќе плаќаат повисока електрична енергија за 12. 36 проценти. Намалувањето на ДДВ- то од 18 на 5 проценти требаше да ја компензира оваа одлука која ќе удри по семејниот буџет на граѓаните, но законот сеуште е во законска процедура, а броилата веќе мерат по новата тарифа. Новите сметки за потрошена електрична енергија ќе бидат дел пресметани по старата тарифа пред да биде донесена одлуката, а дел со новата пресметка, што значи дека повисока струја ќе плаќаме се додека законот за намалување на ДДВ не помине на Собрание. -Mоментално немам инф…

Ное 23, 2015

Добар „улов“ на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“

Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2000 метри, сто парчиња риба Охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие по целата должина на северо-западната езерска гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници од полициската стани…

Ное 21, 2015

Охридските гејмери конечно добија место каде ќе можат да тренираат по светски стандарди

Добра компјутерска конфигурација и супер брза интернет конекција е сонот на секој гејмер кој сериозно се занимава со некој електронски спорт. Охридските гејмери веќе не мора да сонуваат. Тие од вчера го имаат првиот гејминг центар во кој можат да тренираат напорно и да стигнат до самиот врв на електронските игри во светски рамки. Нашата најпозната counter strike дружина која жари и пали на светските гејмерски турнири, момците од Entity, го создадоа она што според нив им недостигало додека тие го граделе својот пат до успехот во електронските спортови. Јован Каланоски, капитен на Entity, вел…

Ное 21, 2015

Некогашни индустриски капацитети со посредство на локалната до потенцијални браунфилд инвестиции

Дел од индустриските капацитети и хали во градов кои не се во функција, потенцијална можност за домашни или странски инвеститори. Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален економски развој објави два јавни повици на кои се бараше од сите стопански субјекти, правни или физички лица кои поседуваат вакви капацитети, а истите не се во функција, да ги презентираат пред локалната и со тоа да станат дел од сите потенцијални браунфилд инвестиции кои би се реализирале во градов, било тоа да се странски или домашни инвеститори.  “Досега се пријавени вкупно осум такви објекти од 600 до…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top