Ное 25, 2015

Препораки до Единиците за ЛС од Кооринативното тело за управување со кризи

Кооринативното тело за управување со кризи, а поради информаците добиени од УХМР дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи на дожд и над 40л/м2 упати препораки до Единиците за локална самоуправа, Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН, АРМ и МВР. -Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР, градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спас…

Јул 13, 2021

ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИ ЗА КЛИМА УРЕДИ

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик, Општина Охрид  започна со исплата на 1 154 000 денари на 84 домаќинства од Охрид за субвенционирање при набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред. Според планираното општината им надоместува дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Со ваквиот проект локалната власт настојува да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена н…

Ное 24, 2015

Оваа година нема доделување на Св. Климентовата повелба

Оваа година нема доделување на Св. Климентовата повелба. Така едногласно одлучи Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија до која пристигнале три апликации, но ниту една од нив не ги задоволувала критериумите за добивање на ова престижно општинско признание.Од она што го разгледавме Комисијата поради малиот број на апликации одлучи оваа година да не се додели повелбата. Се надеваме дека сите заедно ќе поработиме до година оваа манифестација да си го врати стариот сјај и што поголем број граѓани да конкурираат за да ја добијат оваа награда, вели Деја…

Ное 24, 2015

„Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“

„Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, ова е пораката која центарот ЦИВИЛ ја испрати од Охрид.  На средбата на која присуствуваа претставници од медиумите, граѓани и граѓански организации, и претставници на политички партии, беше нагласена целта од целокупниот проект, јакнење на свеста на граѓаните и граѓанките за моќта која тие ја имаат на самиот ден на изборите.Граѓаните зад параванот на самите избори имаат право слободно да ја изразат својата волја и со тој чин да ги изберат оние кои ќе ја спроведат нивната политичка волја и кои за сите свои постапки за време на мандатот ќе ја…

Ное 24, 2015

Нема крај на социјалните проблеми за некои семејства во Охрид

  Четири охридски фамилии стравуваат како ќе ја поминат зимата која доаѓа. Како што кажаа станарите  при врнежи на дожд или снег куќата во која моментално живеат попушта. Таваните веќе се распукани, во одаите на дел од ѕидовите има и мувла а на средина од собите распослани се кебиња бидејќи од сите страни им капе. Станува збор за објект кој се наоѓа помеѓу охридската Маларична болница и ОУ „Григор Прличев“.„Овде живееме уште од поплавата кога беше во Воска. Ни кажаа за итен смештај и овде не остадоа. Се плашам, кога врне повеќе овде пробива бидејќи чатијата е отворена, распукана. Немаме ни…

Ное 24, 2015

Еко бусот пристигна во охридското ОУ „Христо Узунов“

Еко караванот на Пакомак пристигна во Охрид. Основците од Христо Узунов се првото охридско училиште кое се вклучува во проектот. Првоодделенците од ова училиште денес преку забава научија  како да ја заштитат  животната околина.  Еко караванот досега посетил над 60 основни училишта во Македонија и вклучил голем број ученици , напоменува Ивица Маринковиќ, попознат меѓу децата како Ивце Пивце. „ Денес е прв ден и овој проект е со цел да се едуцираат децата за рецеклицирање. Селектирање, а потоа  и рециклирање, да не ни се трупа отпадот туку да успее да го рециклираме. Почнуваме со најмалите а…

Ное 24, 2015

Реонскиот полицаец Ве советува

„Реонскиот полицаец Ве советува“ е насловот на едукативните предавања што СВР Охрид денес во 11 и 12 часот ќе ги реализира во основното училиште „Кочо Рацин“ во Охрид и во Долно Лакочереј. Типизираните предавања содржат низа корисни информации за учениците поврзани со работата на полицијата, совети за безбедност на патот до училиштата и средби со непознати, совети за безбедно возење велосипед, безбедност од дрога и пиротехника, безбедност на интернет и други теми.Предавањата, што ќе се реализираат низ сите основни училишта во општинава, пред учениците ќе ги одржи инспектор од  оделението за…

Ное 24, 2015

Минирање и прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради изведување работи со минирање на патот А2 Кичево-Охрид, помеѓу планинскиот превој  Пресека  и  село Врбјани, денеска сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.Работрите ќе се изведуваат во  периодот помеѓу 12 и 14 часот, поради што се препорачува внимателно возење, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top