Фев 23, 2022

Приведен 41-годишен охриѓанец кој на Водици нападнал сограѓанин

На 21-ви февруари по преземени мерки и врз основа на решение од Основен суд Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ф.(41) од Охрид. Тој, на 19-ти јануари 2022 година во 19:40 часот, во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид оштетил дел од инвентарот, физички го нападнал Г.Б.(58) од Охрид и при заминување од објектот го оштетил автомобилот на нападнатиот. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор, по што тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Охрид – информираат од МВР.

Дек 4, 2015

Здружението “Богојавление” се откажа од организацијата на Водици

Здружението на граѓани Богојавление се откажа од организацијата на Водици. Денеска на празникот Пречиста, традиционално се објавуваше името на новиот кум на манифестацијата. Но место тоа здружението преку соопштение ја извести јавноста дека организацијата на Водици 2016та и ја препушта на МПЦ. Од Дебарско кичевската епархија за ваквата одлука дознале од парохискиот свештеник на Првата варошка парохија кој пак бил известен од Здружението. Предходно немало средби и контакти помеѓу претставници на епархијата и здржението што би наговестило ваков тек на настаните, велат за ТВМ од канцеларијата …

Јул 14, 2021

Денеска се слават светите маченици Козма и Дамјан

Светите Кузман и Дамјан биле лекари, бесребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Азија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцелување на разни болести и како што тој дар го добиле бесплатно и самите бесплатно ги лечеле луѓето, па затоа и луѓето им го дале името бесребреници. Едни од оние кои што се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува збор. По занимањ…

Дек 4, 2015

Симоноски: Одлуката за измена и дополнување на постоечко урбанистичко решение за гробни парцели е по барање на граѓаните

Зоран Симоноски, директорот на „Градски Гробишта“, денес јавно прозборе за проблемите во ЈП “. Тој настапи со одговор на поставените прашања на Телевизија ТВМ кои се однесуваа на неодамна донесената одлука за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за гробната парцела Х 402, која ја донесе  Управниот одбот на ЈП. На прашањата, Дали со одлуката има нарушување на ДУП и узурпација на заеднички простор, Дали има право како директор на ЈП само со одлука на УО да врши проширување на гробиштата, и дали сите засегнати граѓани од наведените гробни парцели се согласни со ваквата одлу…

Дек 4, 2015

Охридскиот факултет за туризам гоодбележа својот јубилеј, 45 години

Во изминативе четири и пол децении на ФТУ Охрид, поминале повеќе од 6000 студенти од сите студиски програми. Денес добар дел од нив се кадар на високи позиции во Владата на РМ, Царинска управа, Агенцијата за супер визија во осигурување, како и во голем број шпедиции, хотели низ цела држава. Ова денеска на  Свечената академија по повод 45 годишниот јубилеј  го истакна првиот човек на Факултетот  деканот, проф.Цветко Андрески. „ФТУ ги има сите три циклуци на студии, има голем број на истражувачи кои што навистина се признати пошироко и можам да кажам дека ги има сите атрибути кои што треба да…

Дек 4, 2015

Дневниот центар “Зраци” со признание за сите помагатели на нивните штитеници

Топла насмевка, љубопитни прашања, мала закуска и пријателски пречек од штитениците на дневниот центар “Зраци” за сите донатори и помагачи на овој центар. По повод Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост, луѓето од Зраци организираа мала свеченост како би можеле во рамките на своите можности и официјално да се заблагодарат на сите добротвори кои во изминатиот период со својата несебичност помогнале за подобро функционирање на центарот. Не намалувајќи го значењето на секоја една добиена донација, од Центарот Зраци велат дека за нив навистина е значаен придонесот на локалната…

Дек 4, 2015

Охридските инвалиди на трудот разговараа за нивните секојдневни предизвици

Помагање во подобрување на законската регулатива, подобра заштита и помош на семејствата на лица кои се трудови инвалиди. Ова се само дел од целите и заложбите на охридското здружение на инвалиди на трудот со цел унапредување на правата на трудовите инвалиди. Претседателот на ова здружение, Климо Димоски вели дека она што е особено значајно за нив е ефектуирање и ставање во пракса на законите кои постојат за заштита на нивните права. “Настојуваме комплетно да ги заштитиме сите инвалиди, нормално не сакајќи да има нови инвалиди, но кога веќе ќе настане инвалидно лице, ние се заложуваме да м…

Дек 4, 2015

И охридските судски службеници на штрајк

Судските административци од охридскиот суд се приклучија на предупредувачкиот штрајк на своите колеги од останатите судови во Република Македонија, а како резултат на растечкото незадоволство од измените во Законот за судска служба кои се на сила од февруари годинава. Судската администрација бара отпочнување на постапка за измена на овој закон бидејќи според нив истиот е дискриминирачки, ја деградира професионалноста на кадрите барајќи доказ за познавања на странски јазици и компјутерско работење, потоа непостоење на одредби за додаток на плата за кариера на судските службеници.  “Штрајкот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top