Директорот на Фондот за здравство Сашо Стефаноски ги слушна развојните планови на петте охридски јавни здравствени установи. Првиот човек на фондот со менаџерските тимови на Општа болница, специјалната болница за трауматологија и ортопедија Св. Еразмо и Кардиолошкиот завод, договораа конкретни здрвствени услуги за следната година. Стефаноски напомена дека во болниците ќе се инсистира да се унапредат или воведат нови методи пропратени со соодветна дијагностичка опрема.„Дел од зафатот на буџетот на Фондот за 2016 во дел на здрвствените услуги и трансферирање на средства до здравствените ус…
Ставен е под контрола пожарот на Петринска планина. Во огнената стихија, која избувна на сртот на планината, изгоре површина од околу 8 хектари со смрека, габер и тревна вегетација. Пожарот бил пријавен вчера попладне на крајно непристапен терен , без патна мрежа, на тромеѓето меѓу НП Галичица и шумските стопанства на Ресен и Охрид, информира Славчо Голабоски, директор на Национални шуми поддружница Охрид. Во гасење на пожарот биле вклучени вработените кои се опремени со лична заштитна противпожарна опрема и со т.н напртњачи со кои интервенираат на непристапни терени.
„Имавме 10 луѓе кои …
Компанијата Миса е фирма со имиџ и реномиран партнер на своите коминтенти. Денес во Охрид се отвори првиот маркет МИСА. Охриѓани добија уште еден голем маркет каде на едно место комплетно ќе се снабдат со сите потребни производи за домаќинството. Освојувањето на охридскиот пазар е нов предизвик за нас, но и исполнување на желбата на дел од нашите клиенти изјави Васко Миса, управителот на маркетот.„Една од причините е таа што самите потрошувачи гледајќи ги нашите анализи доста охриѓани ги посетуваа нашите маркети во Струга после толку години се решивме да дојдеме и да се понудиме на пазарот …
Охрид му оддаде почит на заштитникот на градот, Св. Климент Охридски. Со свечена академија што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“ завршија овогодинешните чествувања посветени на патронот на градов. Со изведбата на химната за Свети Климент од Димитар Масески од страна на хорот при ОСУ Св. „Климент Охридски„ беше поздравена бројната публика, претставници од јавниот и политичкиот живот и гости од земјава и странство кои беа присутни на академијата. Свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека тука сме за да го чествуваме светителот, творецот, учителот, …
Во рамките на одбележување на денот на превенцијата, денес полициски службеници ќе ја посетат детската градинка „Росица“, каде во соработка со локална самоуправа-Сектор за образование, и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, се спроведува проектот „Мојот пријател полицаец“.Во Централното основно училиште „Братсво“, предвидено е едукативно предавање во врска со проектот „Реонскиот полицаец Ве советува“, што СВР Охрид го реализира со секторот за образование при локалната самоуправа.Целта на овие активности е подигнување на свеста кај младите за поголема безбедност во заедницата како и зголемување на нивнат…
Женски Цантар “Бисера” организира работилница на таа тема, 16 денови активизам против семејно насилство.Работилницата ќе се одржи во Средното училиште ОЕМУЦ Свети Наум Охридски во четврток на 10.12.2015 со почеток во 14 часот.
Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека 12-ти декември (сабота) e работен ден.Ќе се одработува 2 декември, кога се одвиваа активностите за „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”.
Традицијата која го афирмира празникот, христијанските вредности, но и градот Охрид, продолжува. Општина Охрид како што и во изминатите години активно беше вклучена и ги поддржуваше сите активности за празникот Богојавление – Водици, така и годинава со сите свои ресурси и материјални и човечки ќе учествува во организацијата, како што истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески. „Градот Охрид како и минатите години ќе биде активно вклучен во организации на сите оние активности манифестации и програми кои што ги предвидувавме како минатите години така и од оваа година и во иднина, со …