По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација. Традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, пред се, благодарејќи на заложбите на локалната самоуправа и добрата соработка со хотелско – угостителскиот еснаф и бизнис заедницата во Охрид.Зимската туристичка понуда во Охрид е збогатена, пред се, со одржување на најмасовната црковно – народна манифестација за осветување на водите која по своите духовн…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 56- годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Пријавениот во текот на ноември, како инвеститор, без одобрение за градење на своја парцела на улицата „Железничка“ изградил доградба и надградба на постоечкиот приземен објект.
Младински Совет на Охрид организира обука против говор на омраза –Препознавање и Реагирање -обука финансирано од Мисијата на ОБСЕ во склоп на проект во соработка со Центар за интеркултурен дијалог од Куманово на 19.12.2015 г. (сабота) oд 11:30 до 17: 00 часот во малата сала на Општина Охрид.Обучувачи на обуката ќе бидат Вахид Мемед од Охрид и Матеј Маневски од Куманово . Обуката „Препознавање на говор на омраза“ е дел од серијата на обуки кои се реализираат низ Македонија како дел од годишниот проект на Центар за Интеркултурен Дијалог и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Идејата на овие обуки …
Се крои буџетот на општината за 2016та. Граѓани, невладини организации и здруженија активно партиципираат во креирањето на програмите за работа на Локалната самоуправа. Денес се одржа јавна дебата за нацрт програмите и нацрт буџетот за 2016та. Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека оваа постапка е согласно законската регулатива, но и начинот на работа на Локалната која се залага за транспарентност кон граѓаните. Многу добро функцонира овој модел на комуникација со граѓаните бидејќи многу нивни проблеми и потреби се доставуваат до нас или јавно се презентираат па ние ги разгледув…
Декември е месец на дарување и хуманост, а во тој дух се приклучија и децата од охридските градинки. Во детската градинка Росица, во населбата Лескајца , се одржа аукција на новогодишни честитки и декорации. Родителите чии деца се згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска ги поддржуваат ваквите хуманитарни дарувања. Посакуваат ваквите акции да бидат почести. Во проектот „Од дете за дете“,реализиран со поддршка на ресорното министерство, се вклучуваат и родителите. Децата изработија различни предмети кои се ставија на продажба, а собраните средства ќе имаат хуманитарна намена ве…
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 19.07.2021 год. (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот.
Терени…
Редовен линиски превоз наместо училишен користат средношколците од селото Куратица. Со тоа на учениците им се ускратува законското право на користење на организиран школски превоз се жалат родителите . Скоро една година 10 – тина ученици кои учат во охридските средни училишта не користат школки туку редовен превоз се жалат родителите. Посебно е тешко во зима затоа што е студено и доцна се стемнува , велат родителите. „ Оваа година тендерот го зел Галеб, а учениците ги вози Бале турс со редовна линија, а не со школски превоз. Ние се жалевме до МЗ, општината но нема ефект, а децата се из…
Доброволните собирни акции на парични средства за разни потреби во охридските основни училишта редуцирани и со строги критериуми. Најчесто акции се организираат за потребите на учениците од социјално ранливите категории кои учат во истото училиште. Како што пренесе Јордан Пуроски директорот на ОУ „Св Климент Охридски“ , собирни акции од типот прибирање финансиски средства за изведување на некој оперативен зафат во и надвор од земјава имаат 1 до 2 во текот на школската година, но доколку има потреба да бидат собрани средства за ученик кој не учи во нивното школо тоа го прават со посебна пост…