Аукција на новогодишни декорации во градинката Росица

Аукција на новогодишни честитики и декорации се одржа во детската градинка Росица. Собраните сретдав од продажбата на  новогодишни мотиви  имаат хумана цел. Хуманоста се учи од мали нозе ,а децата се радуваат на дарувањето велат родителите.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Декември е месец на дарување и хуманост, а во тој дух се приклучија и децата од охридските градинки. Во детската градинка Росица, во населбата Лескајца , се одржа аукција на новогодишни честитки и декорации. Родителите чии деца се згрижени во објектите на градинката  Јасна Ристеска ги поддржуваат ваквите хуманитарни дарувања. Посакуваат ваквите акции да бидат почести.
Во проектот „Од дете за дете“,реализиран со поддршка на ресорното министерство, се вклучуваат и родителите. Децата изработија различни предмети кои се ставија на продажба, а собраните средства ќе имаат хуманитарна намена вели воспитувачот и координатор на проектот Филис Муфти Ариф.
„Дечињата да се научат од мали нозе на хуманост, солидарност и емпатија и да се продолжи соработката со родителите и односот родители, деца и воспитувачки тим,“напоменува Ариф.
Акциите за хуманитарни дарувања постојано се спроведуваат во детската градинка, додава Муфти Ариф. За децата од ранливите  категории  хуманоста во континуитет се покажува не дело. Се собираат предмети, облека и играчки за децата кои имаат потреба од помош. Децата од градинките на „Јасна Ристеска“ досега помагле кога имало потреба во земјава и во соседни земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top