За новогодишните празници Општа болница Охрид и Итната медицинска помош ќе работат 24 часа. Медицинскиот персонал на охриѓани и на гостите кои во случај да имаат потреба од медицинска ургенција им стои на располагање нон стоп, вели раководителот на Итната медицинска помош д-р Горан Симјановски. Тој нагласи дека вечерва од 20 до 08 часот наутро ќе рабти и итната стоматологија во рамки на Здравствен дом Охрид.„Во овие празнични денови бидејќи матичните лекари не работат нашата дежурна служба за сите оние на кои им треба помош е отворена. Не само за граѓаните на Охрид туку и за туристите и гос…
Натпреварот помеѓу шампионот Вардар и финалистот од Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер ќе се игра во СРЦ „Билјанини извори“.
Денот на одржување е 11-ти август, а поради овој двобој и Струшкиот турнир ќе се игра еден ден подоцна од планираното.
Досега се одиграни три Супер Куп дуели, а сите титули ги освоија најтрофејниот клуб Вардар. Во првиот ваков натпревар, Вардар во 2017 го победи Еурофарм Работник со 30-25, во 2018 славеше над Металург со 33-24, а во 2019 беше подобар од истиот ривал со 26-24.
извор: 24rakomet
Изненадување за возачите во последниот ден од 2015та година. Денес од секторот за внатрешни работи со веќе традиционалниот празничен гест на подарување новогодишен лампион на возачите на моторни возила. СВР Охрид, лампиони подаруваше на кружниот тек во непосредна близина на градскиот плоштад.
„Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со македонскиот полициски синдикат, на најсимболичен начин со подарување на еден лампион новогодишен, ќе им ја честита Новата 2016та година на охриѓани и секако на сите туристи кои што се наоѓаат во Охрид и секако тука ќе ја прослават новогодишната н…
Секторот за внатрешни работи од Охрид со активности за безбедна прослава на новогодишната ноќ. Ова во насока на спречување на евентуалните немили настани поради употреба на алкохол и пиротехнички средства кои се карактеристични за овој празничен период. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски денес порача новогодишната ноќ да помине во најдобар можен ред, како и тоа граѓаните да се воздржат од управување на моторни возила доколку консумирале алкохол, но да се воздржат и од употреба на нелегалните пиротехнички средства.
„Секако дека во текот на новогодишната ноќ припадниците на Секторот за…
Кружниот тек на пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Стив Наумов“ , екипите на „Паркови и зеленило„ го уредуваат хортикултурно.Во првата фаза се донесе плодна земја која се обработи, по што следеше фазата на засадување.Во централниот дел на кружниот тек се засади украсно дрво- сребрена пицеа, кое за оваа намена подолг период беше одгледувано во расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец„. На пет сегменти се формирани цветни леи, а во околниот простор се засадени декоративни зимзелени грмушки. Заради подобар естетски изглед поставен е декоративен камен и декоративен мулч.Во близина на кружната …
Дали Охрид ќе добие парк за авантури? Ова е една од идеите, на која ТЛЕР работи веќе една година, со која би можело да се аплицира во ИПА фондовите наредната година. Во тек е изготвувањето на идејното решение за изградба на ваков парк, а истото ќе го работи една реномирана словенска компанија која има проектирано вакви авантуристички паркови во повеќе европски градови. Претставници на локалната со членови на компанијата посетиле неколку локации во градов каде би можел да биде направен паркот.Ваквиот проект воопшто нема да и наштети на околината и може многу лесно да се вклопи во амбиенто…
Олабавување на ригорозните мерки од Законот за заштита од пушењето за угостителите, предлага пратеникот на СДСМ Томислав Тунтев. Ова всушност доаѓа на иницијатива од угостителскиот еснаф на Охрид. Пратеникот Тунтев укажува дека со бројните измени и дополнувања на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се’ построги правила кои, се премногу ограничувачки, како за пушачите, така и за вршителите на угостителската дејност. Според него актуелното законско решение само дополнително ја влоши економската состојба во сферата на туризмот и угостителството, посетеноста на угостителските објект…
Продолжува политиката на Никола Бакрачески, „немаме за леб а трошиме на чоколадо“, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски изјави дека со тоа што на последната седница на Советот на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ одби 47 амандмани коишто СДСМ и коалиционите партнери ги поднесоа врз основа на потребите и барањата на граѓаните, е само потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не водат грижа за потребите на охриѓани, а тоа граѓаните одамна го знаат.„Срамно е што градоначалникот Бакрачески не беше присутен н…