Јан 7, 2016

Охрид на трето место во државава по висината на метар квадратен за недвижност

Во Охрид просечната цена за  метар квадратен недвижност изнесува  29.958 денари или околу 480 евра. Ова се  податоци на Агенцијата за катастар на недвижности до крајот на септември 2015 година.  Со овој просек Охрид се најде на трето место во државава според цената на метар квадратен недвижност. На прво место е  Скопје каде просечната цена за метар квадратен површина  изнесувала 51.870 денари, или околу 840 евра,  а по главниот град  следува Битола каде метар квадратен изнесува 31.553 денари или околу 500 евра. На пазарот со недвижности  во Охрид најчесто се нудат станови со површина од 5…

Јул 16, 2021

Брежани ќе добие нов планинарски дом

Во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, а кој општина Дебрца го имплементира со партнерите: ОО Црвен Крст Охрид и Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна во село Брежани започнаа градежните активности за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во Планинарски Дом. Ќе се изврши целосна реконструкција и опремување на зградата, а за што ќе бидат инвестирани околу 85.000 евр…

Јан 7, 2016

Охридските хотелиери и приватните станоиздавачи без можност електронски да ги пријавуваат гостите во полицијa

Охридските хотелиери и приватните станоиздавачи во полиција не може да ги пријавуваат гостите по електронски пат. Со овој пропуст најмногу се засегнати станоиздавачите од поодалечените места на крајбрежјето. Тие скоро секој ден мора да доѓаат до полиција за да ги пријавуваат и одјавуваат гостите кои  престојувале во нивните објекти. Професор Габриела Ракичевиќ од ФТУ  предлага што псокоро воведување на ваква новина за пријавување на гостите во полиција.„ Некој од Пештани и Трпејца за секој гостин кој ќе му дојде да треба дојде во Охрид да го пријави и да чека редови во полициска станица. См…

Јан 6, 2016

Антонио Додовски:“Ајде сите да го запреме ова лудило”

Антонио Додевски, aлпинист и Интернационален Водич во планина, поттикнат од јавната расправа по повод измените на планот за управување со Националниот парк Галичица, ги испрати во писмена форма до организаторот, но и до јавноста, прашањата кои ги постави на истата, а на кои не добил конкретен одговор, како и својот личен став во врска со планираните проекти со цел јавноста да биде што е можно поинформирана за случувањата во нашата заедница. Ви го пренесуваме отвореното писмо од Додовски во целост. Поттикнат од јавната расправа по повод измените на планот за управување со Националниот парк …

Јан 6, 2016

По празниците ќе се постават светилки на нови улични места

На охридските улици привршува замената на живините светилки со новото лед осветлување. Фирмата задолжена за одржување на  градското јавно оствелување ги почитува  текот и динамиката за замена на старите со нови светилки кој произлегуваат од одредбите од договорот за јавно приватно партнерство за модернизација на градското осветлување, напоменува Љупчо Танески портпролто на Секоторт за комунални дејнсоти при оптштина Охрид.„ Дневно се менуваат повеќе од 100 светилки во различни делови од градот. Се изврши официјално примопредавање на новото осветлување по селските средини, а во план е монтир…

Јан 6, 2016

На Бадник, охриѓани коледарчињата ги даруваат и со колачиња во вид на гугутки од тесто

Коледарите со дрвено чеканче и песната „Сива, сива гулабица“ посетувајќи ги домовите на православните христијани на Бадник го најавуваат Христовото раѓање. Утрово и во домот на охриѓаните Бабачеви коледарчињата ја запеја веселата Божиќна песна. Домаќинката Весе Бабачева при тоа ги даруваше со овошје, бомбони, пари. Иако,  во некои од поновите градски населби се поретко ги има коледарите со песна да го најават празникот за среќа тоа не е случај и во Варош.    „ Лани и оломнани беше послабо со коледарчиња. Годинава малку повеќе ги имаше, помали и поголеми деца некој се на распуст и се дома. В…

Јан 6, 2016

Бадниковата песна “Вечниот Бог” одекна низ охридските улици

Со фенер и ѕвездички во рака, пеејќи ја традиционалната христијанска бадникова песна „Вечниот Бог“ околу 250 дечиња денес тргнаа на веќе традиционалната „Бадникова поворка“ низ охридските улици. Тие со своето пеење го најавија најсветлиот момент во православието, раѓањето на Исус. Со честитки до сите православни кои слават Бадник и Божиќ и желби за здравје и радосни моменти, се обрати и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Навистина во духот на празникот оваа литија, дечињата кои ги симболизираат ангелчињата го симболизираат Христовото раѓање и во духот на старата и изворна тради…

Јан 5, 2016

Охрид СОС: Нема оправданост од изградба на Ски Центар на Галичица

  Нема оправданост од изградба СКИ центарот на Галичица, бидејќи не постојат услови за тоа, сметаат од граѓанската платформа Охрид СОС. Овој преокт е само еден од петте развојни проекти за кои вчера во НП Галичица се одржа јавна расправа во однос на ревидираниот Извештај за стратегиска оценка на влијанието на животната средина на предлог измените на Планот за управување со Националниот парк Галичица. Според нив туризмот на НП  Галичица не смее да се темели на деструктивни проекти. „Се помалку имаме снег на Галичица, а за да се идентификува извор на снег треба да се добие, од вода да се нап…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top