• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските хотелиери и приватните станоиздавачи без можност електронски да ги пријавуваат гостите во полицијa

Охридските хотелиери и приватните станоиздавачи без можност електронски да ги пријавуваат гостите во полицијa

Охридските хотелиери и приватните станоиздавачи  без можност електронски да ги пријавуваат гостите во полицијa.

 |  Валентина Неловска  | 
hoteli

Охридските хотелиери и приватните станоиздавачи во полиција не може да ги пријавуваат гостите по електронски пат. Со овој пропуст најмногу се засегнати станоиздавачите од поодалечените места на крајбрежјето. Тие скоро секој ден мора да доѓаат до полиција за да ги пријавуваат и одјавуваат гостите кои  престојувале во нивните објекти. Професор Габриела Ракичевиќ од ФТУ  предлага што псокоро воведување на ваква новина за пријавување на гостите во полиција.

ohrid„ Некој од Пештани и Трпејца за секој гостин кој ќе му дојде да треба дојде во Охрид да го пријави и да чека редови во полициска станица. Сметам дека е апсурд во денешно време кога има електронско банкарство  и други можности за плаќање преку интернет, а да нема пријавување за гости“, вели професор Ракичевиќ.    

 Ѓоко Апостолов од секторт за  туристички и локален економски развој нагласува дека имале обид софтверот за евидентирање на гости кој го поседуваат да го отстапат на Министервото за внатрешни работи за да се добие бенефит за сите. Така регистрирани станоиздавачи ќе имаа можност да добијат пристап до овој софтвер и ќе можеа on  line преку комјутер да ги пријавуваат и одјавуваат гостите. Министерството за внатршени работи пак ќе ги имаше сите потребни информации за станоиздавачите, а податоците ќе се дистрибуираа до сите соодветни служби, наведува Апостолов.   

pestani„ За жал ни беше одговорено дека министерството за внатрешни работи нема техничка можност да го имплементира ова иако со тоа многу би им се олеснало на станоиздавачите посебно на оние кои се далеку од центарот на градот. Тие за пријавување на двајца гости сместени во Трпејца повеќе би платиле за бензин одошто добиениот профит остварен од ноќевањето.  Ние и понатака ќе се обидеме на ниво на министерствата за внатрешни работи и економија да  иницираме решавање на овој проблем. Софтверот кој го поседуваме како Локална самоуправа сакаме да им го отстапиме“, напоменува Апостолов.  

Со оваа софтвреска поврзаност локалната самоуправа ќе има појасен  увид во  бројот на реалзирани  ноќевања  и  висината на инкасираната туристичка такса  по овој основ, додава Апостолов.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top