Јул 16, 2021

Казнети повеќе возачи на подрачјето на СВР Охрид

При сообраќајни контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид на 15/16.07.2021 година, полициските службеници затекнале и санкционирале 5 возачи на моторни возила кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03) и 26 возачи кои во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-05, Струга-12, Кичево-07, Дебар-02). -Сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, зголемување на безбедноста во сообраќајот и смалување на можностите за сообраќајни незгоди.-се вели во соопштението на СВР Охрид.

Јан 14, 2016

До средината од 2016 Лескоец конечно ќе добие фекална канализација

Лесковчани до крајот на годинава би требало да ја добијат долгоочекуваната фекална канализација. Нешто повеќе од еден милион евра вредниот инфраструктурен зафат во Лескоец, во моментот се наоѓа во втора и трета фаза од неговото спроведување. После извесен период од поставувањето на првите шахти за оваа канализација, непосредно пред почетокот на оваа година, беа започнати зафатите за поставување на потребната инфраструктура за реализација на наредните две фази од овој важен проект за лесковчани.„Во моментов течат втората и третата фаза од поставувањето и изградбата на фекалната канализација,…

Јан 14, 2016

Охриѓани за Василица подгототвуваат топејнца

Во Охрид за Василица или за Православна Нова година се подготвува  топејнца.Учителката во пензија Велика Стефанова  на овој ден ја подготвува во нејзиното семејство почитувајќи ја  традицијата на  нејзината мајка. Раскажува дека топејнцата се подготвува од варено тесто во кое има вода, сол, шеќер и брашно. Вареното тесто се дели на топчиња кои намастени  едно врз друго се плескаат колку што е ширината на тепсијата. Тестото се шара  засекувајќи го со лажица по целата површина на тепсијатат , на растојание од 1 цм и  се пече, објаснува Стефанова. „ Се печи полека, а потоа се крши и се дроби к…

Јан 14, 2016

Од Тлер бараат начин како да се справат со нелегалните станоиздавачи во Охрид

Тлер бара законски начини како да се спречи нелојалната конкуренција во приватното станоиздавање. Ствањето ред во плаќањето на туристичката такса ќе значи и повќе пари во општинската каса. Охрид ќе го следи примерот од Словенија и Хрватска каде што законски паушално се наплаќа туристичка такса. Тлер доставил Предлог измени на законот за такса за привремен престој. Ѓоко Апостолов од Тлер напоменува дека не станува збор за дополнителен данок туку за модифициран начин за плаќање на туристичка такса. Појаснува дека станува збор за посебна методологија со која ќе треба да бидат опфатени сите нер…

Јан 14, 2016

Зошто за краток период прегореа фенерчињата во Варош

  Дел од автентичните фенерчиња кои пред нецел месец беа поставни на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео, не светат, забележуваат Варошани. Некои од нив сметаат дека фенерчињата не се поставени стручно бидејќи каблите на кои се поврзани биле ниско поставени и при врнежи од поголем снег би можеле да се навалат и да предизвикаат проблеми. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици тврди дека фенерчињата се стручно поставени по однапред утврдени фотометриски анализи.„Се добива впечаток дека на дел од улиците посебно во населбата Канео и Варош се поставен…

Јан 14, 2016

Обука за сметководители во Охрид

Охридските сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за Регистрација, дерегистрација и измена на даночен период за цели на ДДВ ќе може да бидат дел од обуката што ќе се одржи на 22-ри јануари 2016 година, во Даночното одделение во Охрид.На бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат разгледани и теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да се пријават кај организаторот најмал…

Јан 14, 2016

Охридските занаетчии ја прославија Василица

Новата Православна 2016  Година по јулијанскиот календар ја прославија и охридските занаетчии -сервисери на ТВ електроника.  Тие од  2001 година традиционално ја организираат прославата на Василица  кршејќи погача со паричка.  Пред 16 година започнала оваа дружба која трае до денес и се проширува, раскажува охридскиот мајстор и познат тв  сервисер Љупчо Паункоски иницијторот на оваа традиција. Со ваквата дружба занаетчиите градат мост на колегијалност и соработка, наглaсува Паункоски.  „ Оваа дружба помага заедно да контактираме и  да си помагаме меѓусебно. Да нема ривалство, сите сме збли…

Јан 13, 2016

Охридското семејството Караѓуле е добитник на наградата за најубаво украсен новогодишен двор

Семејствтот Караѓуле,  Ева и Климе жители на стриот дел од градот се добитници на првата награда за најубаво декориран новогодишен двор. Ева Караѓуле е родена чехиња, која 3 децении живее во Охрид, а во себе ја носи креативноста и навиката нејзиниот двор да биде постојано среден и украсен. За тоа не треба многу, само волја за работа и убава околина, вели Ева.  „ Убаво е, да е украсено не треба многу….да се употребат  шишарки, панделки, кутивчиња  од се ништо се прави се. Сакам да ми е не само за  новогодишните празници  украсено, туку преку цела година дворот да ми е убаво среден. Мило ми…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top