Историски рекорден буџет на Општина Охрид за 2021 година тежок 730 милиони и 716 илјади денари. Износот на проектираниот буџет се зголеми денеска во ставката капитални трансфери за 45 милиони денари кои Владата ги одобри на Општина Охрид како дополнителни средства за проектот за реконструкција на градскиот кеј. Мнозинството советници го изгласаа буџетот на општината со кој според Градоначалникот опфатени се сите општествени развојни сфери кои се од интерес на граѓаните. Посветен е на урбанизмот, уредување на градежно земјиште, локално економскиот развој и развој на туризмот, образованието…
Нуркачкиот центар АМФОРА и Клубот за подводни дејности ОХРИД веќе 18 години традиционално на уникатен начин ја наговестуваат новата година и божиќните празници со китење елка под вода.
Во услови на пандемија, оваа година одлучивме да не се зголемува бројот на нуркачи на едно место, формиравме групи од 3-4 членови и нуркавме на 3 различни локации на Охридското Езеро и тоа Заливот на Коските, Трпејца и Св.Наум кај изворите.
Нуркачите им ја честитаат Нова Година 2021 на сите граѓани на Република Македонија, а како и секоја година па така и оваа, овој ден го посветуват на децата со ретки боле…
Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ја информира јавноста, а особено несовесните граѓани, кои спротивно на правилникот за регулирање на начинот за користење на паркинг место, одобрен од Советот на општина Охрид, ги паркираат своите возила на места обележани за паркирање на лица со попреченост, дека во иднина секој таков прекршок ќе биде пријавуван до надлежните служби. Подолг период вработените на јавните паркинзи им укажуваа на несовесните граѓани, но проблемот продолжува.ЈП „Билјанини извори“ уште еднаш апелира до сите граѓани да го почитуваат правото за користење на паркинг место на …
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај селото Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Доколку ги поминувате зимските ноќи гледајќи серии, новите наслови кои стартуваат на ТВМ се идеален избор за вас.
Во време кога тв пазарот е презаситен со турски серии, а приказните и главните ликови се ако не исти тогаш многу слични, од Русија на ТВМ ни доаѓаат живописни телевизиски серии кои со право може да се наречат успешни. Од вечерва на ТВМ стартуваат две хит серии, Хотел Русија и КУМ.
Хотел Русија е крими драма од 12 епизоди . Младата хостеса Катја е вовлечена во интриги на мрачниот Кремљ. Што се` ќе жртвува Катја за да преживее гледајте секој работен ден во 17:30 часот, по првио…
Мото клубот „Лебеди“ од Охрид во соработка со неколку правни лица од градов денеска доделија 550 пакетчиња за децата на вработените во Општите болници во Охрид и Струга, ЈЗУ „Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања“ и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, кои се вистинските херои во бробата со корона пандемијата.
За насмевките на најмладите и доделувањето на пакетчињата беше задолжен популарниот Wik Kakarotski, охридската YouTube ѕвезда.
ОК на ВМРО ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага низа мерки кои сметаат дека се од особено значање за граѓаните на Охрид. Денеска на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски ги претстави амандманите кои на утрешната седница треба да се најдат пред градските советници.
„Целосно ослободување од плаќање членарина за сите деца вклучени во младинските школи и спортски клубови по претходно спроведен јавен повик од страна на општина Охрид. Целта е да се подигне свеста за спортот и неговото значење во зачувување на здравјето како и зајакнување на имунитетот особено во овие…
Примероци од Новогодишните честитки се чуваат во депото на охридскиот Историски архив од повоениот период. Во пред новогодишниот период се потсетуваме на начинот како охриѓани некогаш си ја честитале Нова година, потсетува в.д. директорот Никола Митровиќ. Зачувани се новогодишни честитки од пред 7 децении помеѓу најразличните документи од минатото .
„Честитките биле создадени од некои фотографи како што бил Коста Андоноски. Процедурата била едноставна.Позначајните личности или претпријатија побарувале од фотографот да направи еден концепти и да направи фотографија од претпријатието или лич…