Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “примање поткуп“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(56) од Охрид.На 25-ти овој месец, пријавениот во својство на службено лице вработен како судија во Основен Суд Охрид, во судски граѓански предмет, од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид, директно побарал и примил поткуп од 5.000,оо денари. Тоа го направил со цел во рамките на своето службено овластување за истиот граѓански предмет да донесе пресуда во корист на туженото Трговско друштво. Во текот на декември минатата годин…
Во тек се активностите за изградба на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Абаз Емин“.Во завршна фаза е изградбата на новата атмосферска канлизација за одводнување на кружниот тек како и поставување на подземни инсталации од страна на заинтресираните економски оператори.Истовремено,јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Проаква“ ќе обезбедат приклучоци за новата водоводна,атмосферска и фекана канализација .Дијаметарот на централниот круг на оваа кружна крстосница е 14 метри,а во самиот кружен тек ќе има две сообраајни ленти со широчина од 5 метри.Изведувач на гр…
По 9-ти пат членвите на српско- македоското друштво Коштана од Охрид го прославија парзникот Св Сава. За српката заедница во Охрид парзникот Св Сава има посебно значење, напоменува Сречко Стојановиќ претседател на српско – македонското друштво Коштана. „ Св. Сава се издвојува од другите светители како еден од поважните во нашата историја. Тој е прв дипломат кој успеал од Византија да ја издвои Печката патријаршија како самостојна српска православна црква “ подвлекува Стојановиќ.Во Коштана има околу 320 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат Св Сава. Се осветува колач и пчени…
И најмладите во селата Лескоец, Ливоишта и Вапила се израдуваа на Дедо Мраз кој ги посети и им подари новогодишни пакетчиња.
Станува збор за самоиницијатива на Драгослав Петкоски, претседателот на здружението „Спасовден“ и неговиот пријател Дарко Милески кои беа облечени како Дедо Мразовци, се со цел да украдат насмевки кај овие дечиња и да направат за миг да се почувствуваат убаво и среќно.
Ние одлучивме со сопствени средства да набавиме новогодишни пакетчиња колку што можеме и во овие тешки денови барем малку да ги направиме среќни овие дечиња кои со нетрпение го очекуваа Дедо Мраз….
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31 јануари, недела, во црквата „Свети Ѓорѓи“, со почеток во 8. 45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Атанасиј Велики“.Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 17-ти јули 2021 година, околу 19:00 часот, 42-годишниот Љ.Н. од Скопје, пријавил во СВР Охрид, дека во каналот „Студенчишта“ во Охрид, при поправка на негов глисер „Монтереј“, се случил пожар во кој нема повредени лица.
– Пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид.
Васил Маркоски, сопственикот на менувачницата „Васко М“ која неодамна беше цел на крадци, денес заедно со остнатите сопственици на менувачници и на златари од Охрид, на заедничка средба со полицијата. Маркоски раскажа за неговиот случај кога во менувачницата на сред бел ден било извршено разбојништво, а неговата сопруга која се наоѓала на благајната била преплашена. За среќа тој навреме интервенирал па крадците избегале без плен. Со полицијата соработката треба да биде на едно повисоко ниво и службениците да се поприсутни во чаршијата и тоа во униформи а не во цивилна овблека. Така ќе се со…
Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски со полни раце работа. За овој неполн месец од кога е поставен на оваа функција во оваа институција се направи внатрешна реорганизација како во програмското оделение така и во народниот театар. Изготвени се акт за внатрешна организација и за внатрешна систематизација и сето тоа веќе е поминато во Министерството за култура.Во иднина сите овие луѓе кои работат во администрација ќе си ги добијат соодветните места. Намерата ми е убаво внатрешно да се распопредат за да можат да се постигнат подобри резултати во работењет…