• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Новогодишни пакетчиња за децата во Лескоец, Ливоишта, Вапила од здружението „Спасовден“

Новогодишни пакетчиња за децата во Лескоец, Ливоишта, Вапила од здружението „Спасовден“

И најмладите во селата Лескоец, Ливоишта и Вапила се израдуваа на Дедо Мраз кој ги посети и им подари новогодишни пакетчиња.

 |   | 

И најмладите во селата Лескоец, Ливоишта и Вапила се израдуваа на Дедо Мраз кој ги посети и им подари новогодишни пакетчиња.

Станува збор за самоиницијатива на Драгослав Петкоски, претседателот на здружението „Спасовден“ и неговиот пријател Дарко Милески кои беа облечени како Дедо Мразовци, се со цел да украдат насмевки кај овие дечиња и да направат за миг да се почувствуваат убаво и среќно.

Ние одлучивме со сопствени средства да набавиме новогодишни пакетчиња колку што можеме и во овие тешки денови барем малку да ги направиме среќни овие дечиња кои со нетрпение го очекуваа Дедо Мраз. Во Лескоец и Вапила децата ги посетивме во нивните домови, а во Ливоишта се собравме на сред село. Навистина убаво си поминавме и се надеваме дека и децата си поминаа убаво со нас. Тука не запираме, деновиве ќе посетиме уште неколку села – истакна Драгослав Петкоски за ТВМ.

Нивниот новогодишен караван денеска продолжува во селото Подмолје, а ние сме сигурни дека и таму ќе има насмевки на многу детски лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top