Јан 30, 2016

Општината до 2017 год ќе ги реши комуналните проблеми на жителите од ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“

  Прашање на време е кога ќе завршат бројните комунални проблеми на жителите на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Како што ТВМ веќе информираше, жителите на овие две улици се пожалија дека немаат канализација, патот е каллив и неасфалтиран години наназад, немаат ниту улично осветлување а дополнителен проблем претставува депонијата во близина на  реката која поминува тука. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески рече дека овие потези се во рамки на тригодишната развојна програма на секторот 2015 – 2017 год. „Согласно плановите и проекциите на Лока…

Јан 30, 2016

Изградбата на ОДВ ЕЛЕКТРИК во мирување

  Измина речиси половина година од поставувањето на камен темелникот за изградба на фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК. Од  тогаш па се до денес во технолошко индустриската зона помеѓу Охрид и Струга впечатокот е дека работитетешко се одвиваат. Амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, при неодамнешната работна посета во Охрид немаше нови информации околу реализацијата на оваа германска инвестиција, во нашиот регион.„И ние немаме нови информации. Според наши сознанија фабриката треба да се отвори во јуни, но немаме да додадеме нешто ново“.Но затоа пак првиот човек на градот Никола Б…

Јан 29, 2016

Подобри услови и за охридските студенти во студенскиот дом

  Четири машини за перење и исто толку машини за сушење ќе ги задоволат потребите на студентите кои престојуваат во Студенскиот дом „Никола Карев“, Охрид. Овој проект ќе се спроведува преку МОН, а ќе започне од почетокот на наредната година. Како што изјави првиот човек на Студенскиот дом Маријан Ристески во периодов што следи треба да се спроведат постапките за набавка на неопходната опрема.„Со тоа се надмина еден голем долгогодишен проблем на студентите исе задоволи уште едно нивно барање. Државниот студенски дом располага со индустриски машини за перење и сушење исто така имаме и помали…

Јан 29, 2016

Колку е штетен азискиот Толстолобик за охридските автохтони риби

Во Охридското Езеро уловени се примероци на кинески вид риба Толстолобик. Спортските риболовци предупредуваат дека овој вид риба е неавтохтона и може да предизвика сериозни последици посебно врз охридската пастрмка. Примероци од овој вид риба пронајдени се во Радожда, Пештани и на Далјанот во Струга. Претседателот на здружението Радован Димитриески смета дека треба да се вклучи црвениот аларм за спас на езерото „Останува енигмата како овој вид на риба кој е карактеристичен за во Кина и кој само таму се размножува во реката Амур како стигна во водите на Охридското Езеро. Претежно тој се нос…

Јан 29, 2016

ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта

  ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта.  Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Причина за ваквата одлука е што ова детско катче после цели 11 години пред десет дена целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Општината сакајќи да го зачува во добра состојба му одреди стопан.Генералниот став на локалната е за одредени добра во градов  да има точно утврдени субјекти кои …

Јан 29, 2016

Општина Охрид по четврти пат ќе го покрие долгот што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија

Општина Охрид ќе го покрие долгот во висина од околу 300 000 ден. што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија. Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Градските избраници по четврти пат носат ваква одлука откога пред три години ЕВН му ја исклучи струјата на ова училиште поради неплатен долг. Причина за тоа е блокираната сметка на школото поради спорот кој веќе години наназад го води со физички лица кои се сопственици на дел од дворот на училиштето.Уште при носењето на првата одлука од страна на градоначалникот беше ветено  дека проблемот со блокираната сметка ќе биде решен, н…

Јан 6, 2022

Зголемени цените на угостителските услуги

Индексот на цените на угостителските услуги во декември, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување е забележано во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалоци за 0,6, Безалкохолни пијалоци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто, велат од статистика. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година е зголемен за 1,7 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година е…

Јан 29, 2016

Тешка сообраќајна несреќа во Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот движејќи се по улицата, на коловоз бил удрен од патничко моторно возило марка „Хундаи Гец“ со охридски регистарски таблици кое се движело во правец кон селото Лескоец. На критичното место, на уличниот коловоз се случил удар со предниот дел од возилото врз сега починатиот. Тука, набрзо пристигнала медицинска екипа на брза помош која ја констатирала см…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top