Фев 5, 2016

Заедничко родителство и по развод

  Заедничко старателство и одговорно родителство и по развод. Група родители неодамна покренаа иницијатива за измени на Законот за семејство. Оваа иницијатива беше поддржана од првата детска амбасада „Меѓаши“. Директорот Драги Змијанац за ТВМ изјави дека основната причина за отпочнување на иницијативата  како предлог закон за измена за воведување заедничко родителство по развод е да се надминат проблемите кои ги имаат родителите по прашање за уредување на времетраењето на видување на едниот или другиот родител кои се развеле по однос на чување, згрижување и воспитување на детето. Според не…

Јул 19, 2021

Во туристичкиот сектор e потребно создавање нови производи и понуди

 На туристичкиот сектор во земјава му е потребна реорганизација и прилагодување на барањата на туристите, вели Љупчо Јанески, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Додава, оваа година, очекува дека ќе започнат инвестиции во зелени хотели со зелени ѕвездички. Уредување на авто кампови по светски стандарди за да се остварат во охридско-струшкиот регион 1 милион ноќевања од оваа дејност. Потребно е да се создадат нови туристички производи и понуди, вели Јанески. „Ние немаме авто кампови. Во авто камповите треба сериозно да вложуваме. Потребно е и подобрување на инфрастру…

Фев 5, 2016

Глигор Стојковски годинешен лауреат за најдобра поема “Григор Прличев”

Поемата “Завет, јад”, со поднаслов “Кирил 1830, Кирил 2001”, е поетскиот восклик кој годинава на познатиот македонски новинар и публицист Глигор Стојковски му ја донесе престижната награда за најдобра поема за 2015та, “Григор Прличев”. Поемата говори за судбината на прекрасниот Лешочки манастир и едно име, великанот Кирил Печиновиќ кој го возобновува манастирот во 1830та, но и поетовата реакција кон претпоставеното однесување на владиката Кирил во чија надлежност беше манастирот за време неговото вандалско разурнување во 2001та година како последица на воениот конфликт. Лауреатот Стојковски…

Фев 5, 2016

Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата

  Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата од три до шест годишна возраст. Овај проект се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а потребата за вакви прегледи се јавила од фактот што се поголем процент од децата уште во најмала возраст имаат проблеми со видот. После 16 ти февруари треба точно да се определи во кои денови ќе се вршат прегледите за да можат родителите да донесат здравствени книшки, но и да ги подготват своите деца доколку кај нив се воочи некаков проблем.И за возрасните носењето наочари преставува п…

Фев 5, 2016

Охридските пчелари се едуцираа

  Охридските пчелари секогаш се желни да научат нешто ново. Вчера на тема „Ридско планинското пчеларење“, се одржа трибина на која присутните имаа можност да ги слушнат искуствата на истакнатиот професор по пчеларство Ѓоко Зечевиќ од Србија. Како што појасна претседателот на Здружението на пчелари од Охрид, Тони Јосифовски на вчерашната трибина главен акцент бил ставен на брзиот развој на пчелните семејства да одговорат на главната паша, со цел да се добие поголем принос. Но, Јосифовски напомена дека присутни се и бројни проблеми кои час поскоро треба да се решат.„Најболната точка во момен…

Фев 5, 2016

Шанса за младите земјоделци

Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, објави оглас во кои е наведено дека сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а немаат наполнето 40 години, ќе може да аплицираат за Субвенции за млади фармери.Од Агенцијата објаснуваат дека за оваа година обезбедени се средства за преку 100 апликации. Интересот е огромен. Во 2012-та имаше само тројца апликанти, додека во 2013, 14-та и 15-та година кога интересот беше најголем, одобрени беа 134 во износ од 1,2 милиона евра. До последниот оглас објавен вчера, поддршката изнесува 1,5 милиони евра за вкупно 170 млади земјоделци….

Фев 4, 2016

Интересна изложба и промоција на книга на дедо и внука

Балерини со фустани од хартија, кори од портокали, изрежаниот молив, еже и рипчиња од капачиња. Овој чуден спој креативно поместен на креациите и делата на малата Ана Томоска денес беше изложен за сите посетители на НУ Градска библиотека-„Григор Прличев“. Создавани во период од три месеци, третоодделенката Ана своето слободно време го користи на еден ваков креативен начин. „Нешто гледам и одма го правам од тоалетни кутивчиња, капачиња. Од тоалетните ги виткам со тафет папир и им ставам очи, ги правам како ликови.“-вели авторката на изложбата, Ана Томоска. Освен роднинската врска помеѓу де…

Фев 4, 2016

Асфалтирање на ударните дупки и реконструкција на тротоарите на „АСНОМ“

Улицата „АСНОМ“, една од најдолгите улици во градов, годинава ќе помине само со крпење на ударните дупки. Жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна и темелна реконструкција по теркот на неодамна реконструираните „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“. „Во тековната 2016та година покрај предвидената реконструкција на тротоарските површини, планираме и крпење на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“ во рамките на тендерот кој што се приготвува во одделението за јавни набавки за крпење на ударни дупки, прекопи и навлаки на улиците на територијата на Охрид, каде што посебен акцент во рам…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top