Земјите од Балканот разменуваат искуства и теоретски знаења за најдобрите методи за справување со глобалната закана тероризмот. Од вчера, па се до 19ти февруари повеќе од четириесетина учесници од десет различни земји ќе учествуваат на напредната школа за справување со заканата од тероризам во Југоисточна Европа.
„Ова се високи претставници од разни институции од земјите во регионот, ќе придонесат за зајакнување на личните врски, за соработката помеѓу земјите во регионот бидејќи размената на информации е мошне значајна. Како што знаете Европа во последниве неколку години, особено минатава …
Средното општинско стручно училиште Св.„Кирил и Методиј“ час поскоро треба да се поднови. Од буџетот на Општина Охрид секоја година се издвојуваат средства за реновирање на основните и средните училишта, но на оваа образовна институција и е потребна поголема финансиска инјекција. Училиштето бидејќи години наназад работеше во рамките на гимназијата Св. „Климент Охридски“ малку беше подзаборавено. Уште пред четири години требаше да се реновира фискултурната сала, да се изградат нови соблекувални и кабинет по физичка култура, но досега сеуште ништо од тоа.
Во летниот период сите училишта доби…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга. Во текот на ноември 2015 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на неговиот пријател И.М. од Струга лажно му прикажал факти и го довел во заблуда, кажувајќи му дека познава луѓе од Скопје кои за одреден паричен надомест ќе му обезбедат работно место во Германија. Притоа, пријавениот побарал, и од И.М. во периодот ноември 2015-јануари 2016 година, добил вкупно 66.920,оо денари. Тој не му обезбедил работа и …
Станува збор за 61-годишната М.М., вработена во одделението за катастар на недвижности Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, против едно засега непознато лице вработено во Општина Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, 56-годишниот М.Ќ. од Биџево и 58-годишниот Н.М., адвокат од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „договор за извршување кривично дело“ и „поднесување лажни докази“. Кр…
Идентификација на кариес без штетните икс-зраци, идентификација на мали кариеси невидливи со други дијагностички методи, идентификација на кариеси под стари полнења кои што исто така не се видливи со други дијагностички методи, јасен мониторинг и јасни слики кои што секој може да ги разбере и да види која е неговата состојба. Ова се само дел од многуте можности кои ги нуди новата револуционерна стоматолошка алатка, Дијагнокам, дијагностичка камера за откривање на кариес. Оваа нова технологија веќе е присутна во Охрид и се применува во стоматолошкиот центар „Д-р. Баткоски“. А еве како функци…
Поради неповолни временски услови, планираната теристичка (од земја) дезинсекција против комарци која требаше да се спроведе на 19.07.2021 година се одложи за 22.07.2021 (четврток).
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Теренијалното запрашување ќе се врши на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од с. Подмоље до х.Парк и подножјето на планината Галичица (нас. Б.Извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум.
Опасно свлечиште на патот кај Извидничко, Охрид. Состојбата со асфалтираниот пат пред хотелот „Даљан“, е алармантна. Реката Даљан, го поткопува овој потег ја нагризува асфалтираната површина, создава брза ерозија, поткопување на горниот слој од површината, а претстои и сериозна опасност од лизгање на патот и да нанесе сериозни проблеми по безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон Извидничкиот одред и хотелот Даљан, алармира управителката на хотелот Славица Стефаноска.„Веќе еден месец кај што е известен Фондот за патишта и комунален развој за состојбата која што беше во многу поб…
На преминот од зима во пролет, старите охриѓани кажуваат дека не ретко од снегот што се топи по планините нашиот град го зафаќа невреме. Тогаш Охридското Езеро се бранува и на крајбрежјето носи бранови високи и по два метри. И деновиве при последното невреме кое го зафати нашиот град, дувал ветер со брзина од 80 км/час и биле забележани бранови во висина до 2 метри, информираа од охридската Капетанија на пристаништа на Македонија. Првиот човек Горан Устијаноски вели дека состојбата со пристаништата континуирано и будно ја следат нивните служби и сметаат дека охридското пристаниште е во з…