Од Мајорка, преку Барселона, до Охрид и Буково. Вака некако изгледа животната траекторија, на познатата шпанска музичарка со македонско потекло Маика Маковски. Таа деновиве беше во посета на нашата земја, и нејзините роднини во Охрид. Во Македонија, освен желбата да се види семејството ја донесе и работата. На неколку локации низ земјава, таа заедно со нејзиниот бенд снима видеа за нејзиниот најнов албум кој наскоро треба да доживее промоција.
„Бевме во Скопје, во Маврово, сега во Охрид, Битола и Буково, тоа е малото село од каде потекнува татко ми, па потоа повторно одиме во Скопје. Прави…
Општина Охрид од почетокот на годинава се зафати со уредување на тротоарската површина во делови од градов. Јавните претпријатија како и дел од приватните фирми на кабелските оператори со полни раце работа. Најчесто тротоарите се раскопуваат за изведување различни подземни инсталации за потребите на одредени компании или граѓаните. Но дел од јавноста се интересира после колку време од одредениот зафат местото треба да биде вратено во првобитната состојба.„Конкретен временски рок да сме ограничени не постои, но секако дека интенцијата е да се завршат веднаш тие градежни зафати, се труди…
Најголемиот туристички центар, конечно ќе добие јавни тоалети. Долги години се зборува на оваа тема, а туристичките водичи се најгласни во барањето да се реши овој проблем. Мирјана Лозаноска од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, обелоденува дека за 2016 година, за националниот буџет доставиле 6 регионални проекти, кои биле составен дел на приоритетната листа, усвоена од Советот за развој, кој го сочинуваат градоначалниците. Проектите биле позитивно оценети а во моментов само за два од нив биле одобрени финансиски средства. Еден од нив е поставувањето на јавни тоалети во 5 о…
Туристичката сезона 2015та многу поуспешна од 2014та. Ова го покажуваат податоците од Секторот за туризам и локален туристички развој. Бројките кажуваат дека има подобрување на вкупниот број на гости и во однос на наплатата на туристичката такса, а и во бројот на остварени ноќевања. Во 2015 за 6,6% остварените ноќевања се поголеми од минатата година, со тоа што ноќевањата на домашни гости се намалени за 2,9%, а во однос на тоа пак ноќевањата на странски гости се зголемени за 11,4%. Ова се податоци од ТЛЕР и тие се поклопуваат со оние од Државниот завод за статистика иако има некои мали…
Новиот Урбанистички план за село Пeштани е во постапка од пред 12 години. Пештанци чекаат да се донесе урбанистичкиот план и стануваат нетрпеливи. Чекаат мештaните, но и инвeститорите кои сакаат да градат, ги пренесува барањата на жителите Ѓоре Танески, претседателот на месната заедница.
Планот е во општината. Се чекаат одговори од институциите дали е во заштитениот појас, дали се загрозува езерото според критериумите на Унеско. Имаме повеќе од 300 градби, селото ќе се шири. Немаме одлив на жители туку прилив и гледаме да одиме напред, луѓето сакаат да градат апартмани, хотели со новиот…
Дали рентабилно работи автопазарот во Охрид. Граѓаните кои го посетиле овој пазар кој се отвори пред речиси две години, а и оние кои се само случајни минувачи покрај пазарот кој е лоциран на дел од паркинг просторот кај охридските градски гробишта, го поставуваат ова прашање. Сликата за овој автопазар е едно паркирано постаро возило, а најчесто и ниту едно.Ние како Локална самоуправа сме задоволни што авто пазарот ја исполнува својата функција. Морам да сум искрен дека тој не работи со некоја добивка ама не генерира ниту загуба, објаснува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски.Иако реализа…
Педалинките како пловни објекти не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба. Овие пловни објекти имаат статус како велосипедите на улица. Лицата кои издаваат педалинки мора да ги почитуваат важечките прописи за безбедноста на лицата кои ги изнајмуваат, вели Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК во чии рамки функционира службата за спасување на вода.
„Укажуваме на оние кои издаваат педалинки да го прават тоа според законските нормативи. Педалинките да не ги издаваат на лица кои се малолетни лица, кои не знаат да пливаат, да воспостават комуникација со изнајмувачите, да ги издаваат …
Животната приказна на охриѓанката Линда Зилбеари, е тажна. Таа е самохрана мајка на три малолетни деца. Покрај со битката за егзистенција, лошите услови за живот под кирија во соба полна со влага и напукнати ѕидови во куќа стара 100 години како што и самата кажа, од неодамна нејзиното здравје е кревко, односно добила тешко искривување на рбетниот столб. Вели дека легнува и станува со неподносливи болки, секој ден оди на физикална терапија, а според докторската анамнеза добила наод дека неопходно е да работи со скратено работно време. „Вие сте први што реагирате на мојот случај, јас сум сам…