Јул 21, 2021

Привршуваат теренските активности на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо

Остатоците од архитектурата на градбата и мозаичните подови кои ги краселе презвитериумот, наосот и нартексот на базиликата беа откриени за прв пат по речиси 50 години, со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и за изработка на детална документација. Теренските активности ги координираше Анита Танеска, а конзерваторите Ванчо Димоски и Никола Патчев од НУ Завод и Музеј – Охрид ја спроведуваа деликатната акција за отворање на мозаиците. По целосното расчистување на градбата беше извршено геореференцирано фотограметриско снимање од страна на д-р Христијан Тал…

Фев 23, 2016

Да се оддаде поголема почит на личностите кои не задолжиле со своите дела

Роденденот на Христо Узунов, еден од најголемите македонски револуционери, човекот кој својот живот го положи за слободата на Македонија, заборавен. Со исклучок на неколку почитувачи на неговиот лик и дело кои положија цвеќе на неговата биста во паркот кај градскиот плоштад, ниту една институција не се сети на овој голем македонец. Ова го наметна прашањето колку знаеме да ги почитуваме вистинските вредности и да им одадеме почит на оние кои тоа го заслужиле. Историчарите сугерираат сериозно да се замислиме околу ова прашање бидејќи доколку не си го почитуваме минатото не можеме да имаме нит…

Фев 23, 2016

Се санира мрежата на детските игралишта во Охрид

  Се поставува нова мрежа на заштитните огради на детските игралишта во Охрид. По налог на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици, техничко оперативни екипи на ЈП „Градски Пазар“ ја санираат мрежата на неколкуте детски игралишта во градов. Тоа е во рамки на новата дејност на претпријатието, вели портпаролот на Секторот Љупчо Танески. „Оваа дејност на ЈП е овозможена како резултат на промената на статутот на ова ЈП и проширување со упис на нови дејности како што се одржување и изградба на спортски повеќе наменски детски игралишта на територијата на општина Охрид, но дејноста во нас…

Фев 23, 2016

Состојбата со штетникот жолтомешка алармантна во охридските шуми

Молк од охридските институции дали и колку хектари од околните шуми се зафтени со штетниците жолтомешка и боров четник , тема која пред две недели ја отвори ТВМ. Иако институциите ветија дека со информации ќе излезат за 10 – тина дена по скенирањето на состојбите на терен податоци за состојбата со шумите нема. Државниот шумарски инспектор  за подетални информации не упати  во Македонски шуми и НП Галичица . При тоа не кажа дали им издал службено задолжување да направат увид на терен. Директорот на Македонски шуми не одговараше на повиците на ТВМ, додека пак, директорот на НП Галичица кажа д…

Фев 23, 2016

Во понеделник, педесет и прва седница на Советот на Општина Охрид

Во понеделник со почеток во 10,30 часот, закажана е педесета и првата седница на Советот на општина Охрид.На ова издание на седницата на советот, охридските советници ќе расправаат за повеќе Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти. Исто така на дневен ред ќе се најдат  и Предлог Одлуката за усвојување на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2016 година. Потоа, Предлог Одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на развојната Програма за у…

Фев 23, 2016

СВР Охрид во контрола на охридските и струшките кафулиња

Повеќе акциски контроли реализира викендов Секторот за внатрешни работи во угостителски објекти во Охрид и Струга. Во дваесеттина кафе барови и ноќни клубови беа извршени контроли согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од пушење, законот за угостителска дејност, законот за туристичка дејност како и по други законски основи од кривичниот законик. Акцент беше ставен на присуство на малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот и точење алкохол на малолетни лица. Контролите во Охрид и Струга, Секторот за внатрешни работи ги реализира самостојно но и во …

Фев 22, 2016

Во училиштето „Св.Климент Охридски“ се подготвува специјална училница за децата со посебни потреби

  Во основното училиште „Св.Климент Охридски“ се подготвува специјална училница за децата со посебни потреби. Таа ќе биде направена по сите стандарди за да ги задоволи нивните барања и да им го олесни процесот на учење. Училницата се прави во соработка со Црвен крст од Охрид и треба да биде комплетирана во текот на наредните месеци. Покрај оваа училница планирано е да се направи и тоалет за децата со хендикеп кој ќе им овозможи самостално да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Ова училиште е единствената образовна институција во градов каде учат деца кои имаат некаква попреченост или …

Фев 22, 2016

Дел од патот кон Велестово ќе се проширува и асфалтира

Започна втората фаза на грaдежни работи на локалниот патен правец кој води кон Велестово. Со овој зафат планирано е да бидат асфлатирани  3000 метри од патот со што патот ќе биде целосно завршен. За овој локален патен правец се обезбедени околу 15 милиони денари, изјави Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици „Во оваа втора фаза ќе бидат асфалтирани 3000 метри од патот со ширина од  4 метри. Патот ќе се проширува за 40 -50 см по цела должина. Во втората фаза ќе се асфалтираат 12.000 м квадратни од овој патен правец“, вели Танески.Локалната самоуправа парите за про…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top