„Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8. март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството.Во тие стремежи, сите жени и женски групи ги надминуваат националните граници и ги истакнуваат постигнатите резултати од напорите и настојувањето за еднаквост, прав…
Нова премиера на Охридскиот народен театар. Станува збор за авторското дело на единствениот актер кој се појавува во неа, Никола Тодороски, а работена според раскази на Марк Твен. „Писма од земјата“ покрај охридската премиера, свое премиерно издание ќе доживее и во Софија, во соседна Бугарија.
„Драго ми е да објавам уште една претстава, премиера, авторско дело на НИкола Тодороски, четврта премиера на Охридскиот театар во овој краток период, се работи за едно копродукциско дело, од познатиот автор Марк Твен, „Писма од земјата“, која ќе може да ја видите утре во 20 часот.“-вели директорот на…
Еднакви права, еднакви плати, можности за вработување најавија жените од СДСМ на осмомартовскиот марш помагање на жените претприемачи, вработувања на жените од руралните средини, заштита на бремените жени, жените родилки, мајките со мали деца. Ова се мал дел од реформите и целите кои вчера беа истакнати на традиционалниот осмомартовски марш на жените од СДСМ. Голем број на жени членки и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз вчера маршираа низ охридските улици. „Од древниот Охрид го вперувам прстот кон секоја жена во Македонија и велам: „Ти си таа промена.“ Ајде сите заедно за подобар жи…
Во селото Велмеј, во општина Дебрца, контејнери и канти за отпад се преполни со смет кој не се подига веќе две недели, реагира претседателот на оваа месна заедница Гоце Цветкоски. 170 домаќинства се засегнати со овој комунален проблем, додава тој. „Комуналното претпријатие од Дебрца не си ја врши работата, 14 дена не е подигнат сметот во селото додека во другите села од општината Дебрца е подигнат. Има поставено контејнери и канти се е затрупано со отпад. Велмеј преку викенд има и преку 200 фамилии па се збира доста отпад“, напоменува Цветкоски.Во селото Велмеј сметот се собира еднаш н…
Ниту едно идејно решение кое пристигна на Јавниот конкурс што беше објавен во декември 2014 година не ги задоволи критериумите на комисијата за избор за преуредување на централниот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот, „Крушевска Република“. Право на учество на двата конкурси имаа домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти по архитектура. Секој од учесниците имаше право да учествува со по еден труд. На јавниот конкурс за централниот плоштад пристигнале 4 идејни …
Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања. Таа содржи голем број новини со кои ќе се подобри урбаното живеење во градов. Најзначајно за граѓаните е што според неа е предвидено на три локации на улицата Македонски просветители да се постават подземни контејнери, а по се изгледа од ова лето ќе се намалат и проблемите со немање јавни тоалети. Тие ќе бидат поставени на неколку локации во градов каде фрекфенцијата на гости е најголема. Планирано е јавни тоалети да се монтираат кај Горна Порта, на Улицата „Кузман Капидан“ кај Плаошник, на пресекот од Кеј „Маке…
Комисијата за заразни болести ќе се состане по божикните празници за да ја разгледа можноста да се намали траењето на изолацијата на асимптоматските случаи на заразените со коронавирусот.
Деновиве епидемиолози и доктори апелираат изолацијата за асимптоматските случаи да се намали од десет на седум дена, поради различните карактеристики што ги манифестира сојот омикрон кој веќе се шири во земјава. Според актуелните протоколи, позитивните одат во изолација 10 дена доколку се без симптоми, а 20 дена ако покажуваат знаци на болеста. Во услови на ширење на омикрон кој ги заразува и вакциниран…
Денес ви претставуваме еден трите влезови во негогашниот утврден Охрид, најзачуваниот однив, Горна порта.
Самуиловата тврдина се смета за една од најголемите фортификации зачувани во Македонија. Првпат била споменета од страна на историчарот Тит Ливиј во 3 век п.н.е, уште додека била тврдина на градот Лихнид.
Уште во петиот век од нашата ера Охрид се споменува од римските историчари како град со тврдини, кој како и другите римски градови на Балканот се брани од наездите на скитачките племиња, при големото преселување на народите во 4 и 5 век. Закрепениот Охрид во 479 година ја одбил опсад…