Фев 23, 2022

„Лев Тахор“ бара толеранција од жителите во охридско

Еврејската група „Лев Тахор“ бара толеранција, од жителите на охридско. Велат во Македонија дошле да се помолат на гробиштата од своите предци и да ги посетат туристичките атракции на земјава. Немаат намера овде да останат, имаат регулиран престој и потребни документи. Велат не претставуваат опасност и не сакаат никому да наштетат, се плашат од заканите и омразата на месното население. Сеуште имаме добри впечатоци, мислиме дека Македонија е убаво место со многу добри луѓе. И покрај тоа што има и такви кои ни се закануваат и се однесуваат кон нас агресивно. Дојдовме овде исклучиво од тур…

Мар 9, 2016

Во охридското одделение на ДИК почнале да пристигнуваат забелешки за избирачкиот список

Охриѓани почнаа да го проверуваат  единствениот избирачки список објавен на интернет адресата на ДИК.  Некои веќе провериле, а дел од граѓаните кои ТВМ ги анкетираше  се уште не направиле  увид во списокот.  Од  подрачното одделение на ДИК не беа расположени за многу коментар. Раководителот на одделението кажа дека е на годишен одмор, а колегите се на состанок во Скопје во ДИК. За прашањата кои сакавме да добиеме поконкретни одговори  повика на трпение. Кратко само  напомена  дека до нив веќе има избирачи кои доставиле забелешки.   Најчесто избирачите реагирале на адресата на живеалиштата …

Јул 22, 2021

Улови слика

По повод денот на Националните паркови 21 јули, Јавната установа Национален парк Галичица распишува јавен конкурс за најдобра фотографија на тема: „Улови слика“. Фотографиите може да бидат креирани по слободен избор, согласно желбата и идејата на посетителите. Ве повикуваме да пријавите свои фотографии и да споделите искуство од посета на Националниот парк Галичица. Услови за учество: Право на учество имаат сите посетители и вљубеници на природата на Националниот парк Галичица со тоа што еден корисник може да објави една фотографија. Фотографиите може да бидат креирани на различни теми …

Мар 9, 2016

Кај охридските занаетчии нема интерес за субвенционирање

Министерството за економија објави Јавен повик за Субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150 000 денари. Овој повик е согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2016 година. Право на учество на Јавниот повик имаат занаетчии и вршители на дејност кои не добиле буџетски средства од проектите во 2014 и 2015 година, имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата. Знам дека воопшто нема интерес за ова субвенционирање бидејќи занаетчиите …

Мар 8, 2016

Цвеќе, прегратка и убави зборови за жените телесни инвалиди

  Со цвеќе, прегратка и убави зборови преставниците на локалната самоуправа им го честитаа 8ми март на жените телесни инвалиди, членки на здружението „Мобилност“. Заменик градончалникот Ангел Јанев рече дека ваквите средби им преставуваат задоволство и дека се трудат тие да бидат почести и не само по повод на некој празник. Јанев рече дека локалната и Градоначалникот Никола Бакрачески посебно внимание посветуваат на лицата со инвалидитет и се трудат во рамки на нивните можности да им го олеснат животот.Ние правиме напори да реализираме што повеќе проекти кои се во корист на лицата со инвал…

Мар 8, 2016

Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди

Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди.  Оваа идеја стара десетина години по се изгледа конечно ќе се реализира. Венко Голабоски, претседателот на здружението на телесни инвалиди од Охрид вели дека проектот е вклучен во нивната годишна програма и е доставен до Локалната самоуправа и дека од таму добиле зелено светло. Голабоски објаснува дека вакви плажи има насекаде во поголемите туристички места во светот. Тој го посочи примерот на Задар каде секое лето го поминува својот одмор. Плажата е со сите потребни помагала за лицата со инвалидитет па тие можат непречено да се капат без п…

Мар 8, 2016

Охриѓани не се откажуваат од традиционалното одбележување на Денот на жената

За Денот на жената 8 -ми март охридската чаршија денес беше раздвижена. Традиционално празникот се одбележува со подарување на најразлични подароци. Осмомартовските подароци се купуваа во парфимериите, продавниците за накит, сувенирниците ама  се чини најпосетувани беа цвеќарите и цветниот пазар на плоштадот кај чинарот. „Се купува секакво цвеќе, еднаш во годината е денот на жената и тоа е знак на култура. Се купуваат цвеќина од се по нешто од каранфил до рози“, вели Аднан Али еден од продавачите на цветниот пазар кај чинарот.   Во знак  на внимание и почит кон понежниот пол подароци за бл…

Мар 8, 2016

Ковачески: ЕВН не може да краде струја, наплатува онолку колку што е отчитано

Дали ЕВН ги „краде“ потрошувачите? Ова прашање се наметнува речиси кај секој потрошувач на електрична енергија бидејќи сите ние забележуваме дека има поголеми варијации во износот на нашите сметки за потрошена електрична енергија. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески за ТВМ тврди дека ЕВН не може да краде туку наплатува онолку колку што е отчитано. „Ако некој корисник мисли дека ЕВН има прекршено некое право тоа може да го побара пред сите надлежни институции, ЕВН има обврска да одговори на сето тоа како сите други правни субјекти. Значи ако некој случајно биде оштетен правдата може да си ј…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top