„Лев Тахор“ бара толеранција од жителите во охридско

Еврејската група „Лев Тахор“ бара толеранција, од жителите на охридско. Велат во Македонија дошле да се помолат на гробиштата од своите предци и да ги посетат туристичките атракции на земјава. Немаат намера овде да останат, имаат регулиран престој и потребни документи.

 |   | 

Еврејската група „Лев Тахор“ бара толеранција, од жителите на охридско. Велат во Македонија дошле да се помолат на гробиштата од своите предци и да ги посетат туристичките атракции на земјава. Немаат намера овде да останат, имаат регулиран престој и потребни документи.

Велат не претставуваат опасност и не сакаат никому да наштетат, се плашат од заканите и омразата на месното население.

Сеуште имаме добри впечатоци, мислиме дека Македонија е убаво место со многу добри луѓе. И покрај тоа што има и такви кои ни се закануваат и се однесуваат кон нас агресивно. Дојдовме овде исклучиво од туристички побуди, да се помолиме на еврејските гробишта, да ги посетиме еврејските музеи, цркви. Да се запознаеме со историјата. Немаме намер да останиме овде, сакаме само да ги имаме правата да бидеме овде само како туристи. Имаме право да останеме 90 денови, но ние планираме да останеме само еден месец. Сакаме само мирен престој, да имаме покрив над глава, место каде ќе може да зготвиме и да ги оствариме нашите туристички цели. До сега немавме прилика да посетиме ниту едно место од планираното – велат од „Лев Тахор“.

Потрошиле цело богатство пари додека да најдат соодветно место, бидејќи од сегде ги бркаат и нигде не се добредојдени. Закани и омраза имало и во Босна и Херцеговина, оттаму заминале не поради депортација, туку затоа што му истекол периодот за туристички престој. Оваа група од 37 членови немаат постојано место на живеење, велат бараат земја каде што ќе може слободно да живеат и да ја негуваат својата религија.

Ние немаме постојано место на живеење, само патуваме. Често патуваме и сеуште бараме земја каде што ќе имаме дозвола слободно во потполност да ја негуваме нашата религија. Затоа патуваме, не знаеме кога ќе ја најдеме таа земја што ја бараме. Во меѓувреме истражуваме ја бараме таа земја. Дел од луѓето кои се во нашата група имаат свои бизниси од каде се финансираме, некои имаат онлајн бизниси, некои имаат заштедени пари, но добиваме поддршка и од други луѓе – додаваат од „Лев Тахор“.

Сопственикот на хотелот каде е сместена групата „Лев Тахор“ вели дека е непријатно изненаден од реакциите на жителите на Лакочереј.

Многу сум изненаден не очекував вакви реакции, но можам да ги сфатам дека медиумите раширија фама која не оди во полза ниту на објектот ниту на гостите кои ги сместивме. Јас живеам тука со нив сум 24 часа и мојата ќерка е дојдена тука од Америка на три недели со дете од година и два месеци и спиеме во соба до нив: Нема никаков проблем нема насилство туку обратно тие се исплашени од нас се плашат од месното население дека ќе му наштети – истакна Маријан Иваноски сопственик на хотелот „Прага“ Горно Лакочереј.

„Лев Тахор“ е еврејска религиозна група основана во 1988 која брои 250 членови. Честото селење е типично за групата, па така освен во Македонија и Босна и Херцеговина, одреден период престојувале во САД, Канада, Израел и Романија.

После Куманово и Скопје моментално се во охридското село Горно Лакочереј. Групата брои 37 членови од кои 17 се деца.

Жителите на Лакочереј за вечерва најавија протест пред хотелот каде се сместени и бараат нивно заминување од селото.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top