Гоце Ристески е новиот комунален инспектор при општинскиот инспекторат. Оваа информација ќе е многу корисна за сите граѓани кои имаа комунални проблеми, а немаа каде да се обратат бидејќи во општинскиот инспекторат подолго време немаше назначено лице на ова работно место. Граѓаните реагираа до нашата редакција дека ги пријавувале своите случаи во општината, но истите неможеле да им бидат решени бидејќи немало комунален инспектор.Доколку на одредено работно место нема соодветно лице тоа не значи дека таа дејност или тој простор не е соодветно покриен. Иако немаше комунален инспектор другите …
Оштетен потпорен ѕид во билизина на основното училиште во Велгошти се заканува целосно да се урне. Првите посериозни одрони на бетонскиот ѕид се случиле во октомври месец, минатата година, како што убедува Митко Речкоски, кој живее во непосредна близина. За среќа тогаш била предизвикана само материјална штета бидејќи ѕидот паднал во раните утрински часови. Речкоски кажува дека таа вечер силен тресок ги подигнал од кревет, а изутрина имале што да видат, целиот пат затрупан со земја и делови од бетонскиот ѕид.
„Падна, ноќе беше некаде околу 3 до 4 часот, среќа и тоа голема бидејќи децата од …
Дали се облеани со сонце или покриени со снег, нинкогаш ниту за миг не губат ни малку од својата убавина, денес ви ги претставуваме Билјанините извори.За бистрата вода на Билјанините извори, народот пропеал многу песни, но само една легенда, прераскажувана до ден денешен која се поврзува и со настанувањето на охридскиот чун. Имено, некогаш во дворецот под езерото кај Студенчишта, живеела вилата Езерка, ќерка на дедо Караорман. Вилата Езерка царувала над езерото и постојано им пречела на рибарите, превртувајќи ги нивните чамци а уловената риба ја враќала во езерото. Таа била многу завидлива …
Градежната оператива на Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ започна со партерно уредување на локацијата пред „ Oхридска банка“ и Регионалниот центар на ЕВН. Се врши бетонирање, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен и поставување на клупи.По завршувањето на градежните активности екипите на на ЈП „ Градски гробишта“ ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.
Најновиот избор од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ го сочинуваат осум наслови во издание на Топер и Антолог. „Девојките од песочниот замок“ од Крис Бохџалијан, „Остров“ од Дмитриј Орехов.
Следуваат романите: „Господинот“ од Е.Л.Џејмс и „Прашалникот е половина срце“ и „Црвениот адресар обете“ од Софија Лундберј.
На пултот за издавање побарајте ги и „Убиство со монограм“ од Софи Хана, „Ослободување“ од Ирса Сигурдардотир и „Без своја земја“ од Ајше Кулин.
Пултот за издавање до 1 септември работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.
Годишната членарина за деца е 200, …
Дејствувај навреме за да спречиш. Годинава под ова мото се одбележува Светскиот ден на бубрегот, со посебен акцент на децата. По тој повод во охридската гимназија „Св Климент Охридски“ едукативен час, одржа еминентниот специјалист по урологија д-р Горан Балевски. Се смета дека децата ретко заболуваат од бубрежни болести, но, тоа е сосема погрешно, бидејќи децата и тоа како се подложна група на ваквите заболувања, категоричен Балевски. Додава дека бубрегот можеби и не е толку популарен орган како што е тоа срцето и белите дробови, но смета дека преку разни едукации треба да се стави посебен …
Сеуште е празно местото на државниот инспектор за животна средина на охридско – струшкиот регион. Речиси две и пол години на тоа место не е назначена замена и покрај тоа што нашиот регион се води како посебно заштитено подрачје со повеќе природни реткости, вклучувајќи ја тука и заштитата на УНЕСКО. Државниот инспекторат е структуиран да делува регионално, но со законот имаат ингеренции да работат и делуваат на територија на цела Македонија поради нивниот статус, државен инспектор, појаснува државниот инспектор за животна средина од Подрачно одделение пелагониско југозападен регион, Зоран Ди…
Аутизмот е голем предизвик во 21 век и за развиените и за земјите во развој, вели др. Владимир Трајковски, претседател на македонското научно здружение за аутизам. Реален е порастот на деца со аутизам. Во последните 5 до 6 години се работи на подигање на јавната свест, на сензибилизација и на медиумите и на авторитетите , подвлекува др. Трајковски. Постојат три форми на аутизам кај децата. Децата со лесна форма може лесно да се едуцираат бидејќи 20 проценти од нив имаат нормална интилигенција, а 5 посто имаат натпросечна интилигенција. Инклузијата во образованието е потешка кај децата …