Мар 21, 2016

Локалната самоуправа нема слух за развој на училишниот спорт, тврди Станкоски

  Локалната самоуправа не дала ниту денар во 2015та година за развој на училишните спортови, критикува советникот на ВМРО НП, Јоне Станкоски. Тој додава дека тоа е несфатливо бидејќи развојот на училишниот спорт и тоа како е значаен за развојот на децата и на нивната личност. Станкоски вели дека иако биле предвидени средства во буџетот за 2015та година за училишниот спорт, досега не се префрлени на училиштата. Онаму каде локалната треба најмногу да се заложи, а тоа е развојот на децата, таа како да е глува. Не можам да сфатам зошто нема чуство за развојот на училишниот спорт во градов. Не …

Јул 22, 2021

Георгиески: Направивме голем исчекор кон враќањето на финансиската стабилност на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид со 14 гласа „За“ ја прифати Предлог – Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, со цел нејзино конечно раздолжување. Успеавме да направивме голем исчекор кон исполнување на една од најзачајните цели, на кои како локална власт бевме исклучително посветени, а тоа е враќањето на финансиската стабилност на Општина Охрид, истакна за медиумите градоначалникот Константин Георгиески веднаш по гласањето. Со посветена и напорна работа за само две години успеавме да го намалиме деценискиот долг на општината, за повеќе од една милијарда денари. По денешната одлук…

Мар 21, 2016

Охриѓанчињата од градинката Јасна Ристеска го поздравија доаѓањето на пролетта

Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката Јасна Ристеска  облечени во пригодни маски. На градскиот плоштад  се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта. Програмата ја следеа голем број родители, баби  и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа  како нивните најмили  танцуваат и пеат, прикажувајќи  што научиле од своите  наставнички во градинките каде што престојуваат.  На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години, истакна  Роза Костоска директор на градинката Јасна Ристес…

Мар 19, 2016

Локалната ќе аплицира со проекти за тампонирање на земјоделски патишта во охридско

Локалната со проекти за тампонирање на земјоделски патишта во Лескоец, Горно и Долно Лакочереј. Овие земјоделски патишта ќе се тампонираат во рамките на проектите кои ги финансира Бирото за рамномерен регионален развој. На последната седница на советот на општина Охрид беше изгласан предлог проектот за уредување и санација на патиштата за пристап до земјоделско земјиште, шумски и водостопански површини што според секретарот на општината, Димитар Спасески претставува појдовна основа за изработка на проект во кој ќе биде утврдена и потребниот износ на средства за негова реализација. „За нас …

Мар 19, 2016

Православните верници денес го слават светиот маченик Теодор-„Тодорова сабота“

Православните христијани денес го слават големиот празник посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон меѓу народот познат како „Тодорова сабота“. Првата сабота од великиот пост во очи столбот на православието, Велигден, денот на христовото воскресение е посветена токму на маченикот Теодор односно чудото кое Бог одлучил преку него да го направи. Отец Димче Азески, од црквата Св.Богородица Каменско, раскажа за историските околности кои вели дека го потврдуваат настанот кој денес се празнува. Имено царот Јулијан Отстапникот сакајќи да ги спречи верниците да се причестат, наредил сета храна …

Мар 19, 2016

Проф. Крстаноски: Велосипедската инфраструктура треба да се планира со ГУП овите

  На Охрид повеќе од потребна му е пристојна велосипедска инфраструктура. Во градов постои велосипедски патеки, но за жал факт е истите се оштетени и не се одржуваат. За тоа каде лежи проблемот околу изградба на модерна и соодветна велосипедска инфраструктура открива Професор д-р Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола. „Еден од корените на проблемот е начинот на изработката на Генералните урбанистички планови. Според сегашниот закон за урбанистичко планирање кога се работаат Генералните урбанистички планови единствено нешто што се бара од изработка ов делот на сообраќајот е гр…

Мар 18, 2016

Охридските сместувачки капацитети со високи оценки на реномираниот booking.com

Сместувачките капацитети во градов со исклучително високи оценки на најголемиот интернет сервис за онлајн закажување booking.com. Бројни се капацитетите од секаков обем и со различен број на ѕвезди кои се закитиле со високи оценки кои претежно варираат од 8,5 до 9,7 што според стандардите на booking.com е навистина висока оценка. Овие оценки и критики кои ги добиле нашите сместувачки капацитети се дело на гостите кои таму престојувале, а кои покрај бројчаната оценка даваат и своја текстуална критика за она што најмногу им се допаднало или најмногу им пречело додека биле сместени во Охрид. …

Мар 18, 2016

Кучиња убиле жителка на с.Баланци

Фитнет Ф. (58) од селото Баланци, општина Центар Жупа, им подлегна на повредите со кои се здоби откако вчера беше нападната од глутница кучиња скитници. Таа се здобила со тешки телесни повреди откако вчера претпладне во 10 часот и 30 минути била нападната и искасана на повеќе места по телото. Настанот се случил во селото Баланци, општина Центар Жупа на околу 150 метри оддалеченост од куќата каде, сега починатата живеела. По нападот од поголем број кучиња скитници, Фитнет Ф. итно е префрлена во медицинскиот центар во Дебар каде бил присутен и Јавен Обвинител. Тука, докторите констатирале с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top