Мар 29, 2016

Пуштен во употреба реконструиран локалниот патен правец Вапила – Ливоишта

  Охридските села  Ливоишта и Вапила се поврзаа со реконструиран,  асфалтиран пат во должина од 2 километри и проширен 1 метар. Вкупната вредност на реализираниот проект од  Локалната самоуправа е во износ од 8 милиони денари. Средствата се обезбедени  од Агенцијата за финансиска поддшка за руралниот развој на РМ , проект изработен од општина Охрид, посочи при свеченото пуштање на патниот правец градоначалникот Никола Бакрачески. „ Свеченото пуштање на проектот  е дел од нашиот проект за убавите охридски села какви што се Ливоишта и Вапила. Продолжуваме со програмата за рамномерен развој н…

Мар 29, 2016

Почнаа археолошки ископувања на дел од месноста Дебој

Во тек се систематски истаржувања на комплекост Горна Порта непосредно во близина на црквите  Св. Димитрија и Св. Богородица Перивлепта, информира директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска,  за започнатиот  проект предвиден за  2016 година.„ Тој простор претставува составен дел од комплексот Дебој. Досега во минатите години не е истражуван како останатите простори. На пристапниот пат во непосредна близина на овој локалитет пред 10 т9на години се откри златната  маска и остана да се доистражи уште овој дел“, потенцира Паскали Бунташеска.Археолошките истражувања ќе се одвиваат на 1…

Јан 6, 2022

„Храбро срце“ продолжува со кампањата за органодарителство

Националното здружение „Храбро срце“ ја продолжува кампањата за подигање на свеста за органодарување. Објавена е видео порака од д-р Јасмина Спасеска Јованоска од ЈЗУ специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид.  Видеото може да го погледнете на следниот линк

Мар 29, 2016

Дел од улицата „Нада Филева“ и по седум децении сеуште неасфалтирана

  „Нада Филева“, една од улиците во старото градско јадро, поточно кај Саат Кулата, остана неасфалтирана повеќе од седум децении, кажуваат жителите од овој дел на градот. Прашуваат како може во 21 век на само неколку метри од центарот на Охрид да поминуваат низ кал кога времето е врнежливо , а на лето пак  да голтаат прашина. На оваа улица има повеќе од дваесеттина куќи во кои живеат околу стотина жители и секојдневно се соочуваат со овој проблем. Жителите на ул „Нада Филева“ во неколку наврати до Локалната самоупрва, односно до Фондот за комунален развој доставиле барање за асфалтирање на…

Јул 23, 2021

Камион излета од мостот кај Требеништа

На 23.07.2021 година во 07.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која, товарно возило „Ивеко”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје, излетало од патот. -Возачот е пренесен во болницата „Св.Еразмо” каде се констатирани тешки телесни повреди.-информираат од СВР Охрид.

Мар 29, 2016

Албанска државјанка добила ќотек поради долгот на својот син

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Р. (59) од струшкото село Шум. На 20-ти овој месец околу пладне, пријавениот се упатил во домот на албанската државјанка Б.Ц. (54) со намера да побара враќање на паричниот заем од нејзиниот син Џ.Ц. Пријавениот започнал да sвони и удира по вратата од станот по што, со Б.Ц. која има привремено живеалиште во Струга, започнал вербална расправија околу паричниот долг. Во момент кога од станот излегол и нејзиниот син…

Мар 28, 2016

Заврши реконструкцијата на локалниот пат до Велестово

Заврши реконструкцијата на локалниот пат кој од Охрид води до Велестово. Истиот, денес беше свечено пуштен во употреба, откако беше завршена и втората фаза од неговата целосна реконструкција, која започна уште минатата година. Тогаш, во првата фаза се асфалтираше дел од патот од бензиската пумпа кај Билјанини извори до управната зграда на НП „Галичица“ како и еден дел на самиот влез во селото во должина од околу 900 метри. Тој зафат беше финансиран со средства од 6 и пол милиони денари обезбедени преку Агенцијата за патишта на Република Македонија. „Сега општина Охрид аплициравме на огласо…

Мар 28, 2016

Улицата „Кирил и Методиј“ ќе се подновува

  Улицата „Кирил и Методиј“ ќе се подновува. Започнаа градежните работи околу нејзината реконструкција. Ова е дел од годишната програма на општината за санација на улици и потпорни ѕидови во УЗ Стар град, а пред два месеци општината распиша и тендер за изнаоѓање најдобар изведувач. На тендерот најповолна понуда имаше АД „Илинден“ од Струга, со кого е потпишан договор за извршување на градежните работи.Согласно планираното АД „Илинден“ треба да изврши санација по цела должина на овој крак, од чинарот, па до Горна Порта. Вредноста на проектот е 2милиона и 400 000 ден., вели Љупчо Танески од …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top