Ловното друштво Превезан од Струга под концесија на 10 и 20 години има два ловни терени. Ова ловно друштво постои од 1957 година информира претседателот на ЛД Превезан Климе Бицевски. Едниот терен е планински и се наоѓа во Долна Белици, а другиот е во поле и е во атарот на селото Драслајца. За концесијата на државата и плаќаат 90.000 денари годишно, напоменува Бицевкси Додава дека во друштвото денес има 150 ловџии членови, а пред три децнии нивниот број бил и до 1000 ловци. Членарината е 3500 денари годишно, вели претседателот на Превезан. Ловџиите најчесто ловат она што е дозволено в…
Деведесетина деца од охридските основни училишта од шестите и седмите одделенија денес ги одиграа првите натпревари од турнир во фудбал на теренот со вештачка трева. Осум екипи, по една од секое основно училиште се поделени во две групи со по четири екипи.
„Играме во два дена, се игра првиот ден разврска по групи, а вториот ден играме за пласман од 1во до 8мо место. Вклучени се популација на деца од 6то до 7мо одделение, оние екипи кои што претходно имаа искуство со игра на спортскиот ден во Велгошти. Истите тие екипи сега се надоградуваме и играме голем фудбал за разлика од претходниот па…
АЈДЕ Македонија со нова акција за чистење во Охрид. Оваа ќе биде еден вид на промотивна акција за онаа традиционалната која се случува секој октомври, а во Охрид ќе се чисти на два потези. Дел од граѓаните и граѓанските организации кои ќе земат учество во оваа акција, ќе чистат на потегот од бензиската кај „Билјанини Извори“ па се до Св.Стефан, додека другата група ќе чисти на потегот од Здружението на возачи на излезот од Охрид па се до Подмоље.
„Тоа е можност за граѓаните и да си направат една убава прошетка, нивните деца да ги научат на здрави навики, една одговорност кон сопственото оп…
Охрид се повеќе го напуштаат младите луѓе, а родителите остануваат сами. Меѓу нив има постари лица кои имаат потреба од нечија грижа. Ѓорѓи Трпчески претседател на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, напоменува дека до нивното здружение се обраќаат постари лица кои не се нивни членови, а тие се трудат да им помогнат на разни начини. Излегуваме во пресрет со запишување за снабдување со огревно дрво и прехранбени артикли преку клубот на пензионери, напоменува Трпчески.„Преку месните ограноци на ниво на двете општини наши членови ги посетуваат изнемоштените. Добар дел од нивните деца…
Кружниот тек на пресекот на ул „Бистрица“ со Бул. Туристичка, чини близу 100 000 евра, а оној кај Охридска банка 200 000 евра, открива координаторот на охридските социјал-демократи Јован Стојаноски. Тој истакна дека за кружните текови нема сообраќајна студија ниту пак елаборат за сообраќајна издржливост, додавајќи дека граѓаните биле сведоци колку лошо биле направени последните два кружни текови.
„Малку им е на господата од ДПМНЕ што не знаат да заработуваат од исплатливи проекти, па уште се дрзнуваат дополнително да ги задолжуваат граѓаните на општина Охрид, со кредити од Светска банка во…
На 12.02.2022 во 10:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Подмолје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „опел“, управуван од Р.Д. (66) од с.Требеништа, општина Дебрца и „мерцедес“, управуван од М.Н. (32) од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мерцедес“ и Б.Ј. (61) од с.Требеништа, сопатник во возилото „опел“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.
Оваа година сите собрани средства од вечерта ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град. Трета година по ред Женскиот лајонс клуб „Деница“ од Охрид, на денот на шегата организира „Хуманитарна вечер под маски“, на која оваа година дениците ќе се обидат да соберат средства кои ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град. Инаку средствата кои беа собрани од првиот ваков хуманитарен настан во организација на дениците беа донирани за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Минатата година пак преку „Хуманитарната вечер под маски“ беа со…
Вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ ќе настапи пијанистот Дарко Костовски. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Дарко Костовски е роден во 1978 година во Скопје и првите знаења од областа на пијаното ги добива од професорите Аида Ислам, Марија Писинова и Борис Романов во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
На возраст од само 15 години, Костовски е примен како најмлад студент на Музичката академија во Келн во класата на проф. Арбо Валдма, каде се стекнува со највисок степен на образование и почести „Cum Lauda” како концертен пијанист во 2014 година. …