Апр 6, 2016

Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија

Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија. Годинава по 40 ти јубилеен пат цивилните инвалиди од целата земја се сретнаа во ЦК „Григор Прличев“, а денешниот датум е избран за ден на цивилните инвалиди, во сеќавање на почетокот на Втората Светска војна со агресија на Германија врз Југославија. Последен случај граѓанин од земјава да настрада од експлозивен материјал од Втората Светска војна е забележан во 1982 година, за ТВМ открива Драган Дојчиновски. „Оваа категорија на лица со инвалидност е настрадана од заостанат воен експлозивен материјал посе…

Апр 5, 2016

„Џган“, македонскиот игран филм добива позитивни критики

  Новиот македонски филм Џган веќе започна да се емитува во кината во земјава. Синоќа можност да го гледаат имаа и охриѓани. Снимен за само 25 дена со едно брзо темпо во Скопје, а само една сцена во затворот во Битола, досега добва само позитивни критики. Дел од нив говорат дека ова издание е едно од најдобрите во земјава последниве 10 години. Мартин Ѓоргоски е главниот лик во филмот Џган. Се работи за ново име на кој му претстои голема популарност, како што кажаа искусните филмски критичари. А како Ѓоргоски во силна конкуренција сосема неочекувано ја добил главната улога, раскажува самиот…

Апр 5, 2016

Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи

  Собранието на РМ ги донесе измените на членот 46 од Законот за вршење угостителска дејност со што им се овозможи на приватните станоиздавачи кои се наоѓаат под ист покрив како што е случајот со стамбените згради да можат да ги издаваат своите објекти. Досега право на тоа имаше само еден станоиздавач и тоа по принципот прв дојден, прв услужен. Сите наредни барања за вршење туристичка дејност беа одбивани од Комисијата за категоризација. Локалната самоуправа и ТЛЕР, со подршка на Агенцијјата за подршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, а најмногу со  залагање на охридск…

Апр 5, 2016

Лазареска: Отчет се дава за сработено а не за несработено

  Отчет се дава за сработено, а не за несработено, односно нешто, што ќе биде во 2017 година и понатаму, реагираат охридските социјалдемократи. Советничката Жаклина Лазареска на денешната прес конференција кажа дека отчетот кој вчера пред граѓаните го презентирал градоначалникот Никола Бакрачески, односно изнесените бројки за реализација на проекти, не биле реални. Исто така Лазареска обвини дека Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не се грижле за охриѓани и нивните потреби, туку исклучиво за бизнис интересите и тендер политиките на, како што рече, бандата на Никола Груевски, како и тоа дека Ба…

Јул 24, 2021

ЗАБРАНА ЗА ПИЕЊЕ ВОДА ВО НЕКОЛКУ ОХРИДСКИ СЕЛА

Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Пештани и плажа „Оревче“, МЗ с. Елшани и МЗ с. Велестово, водата се забранува за пиење. Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид.

Апр 5, 2016

Понатамошниот опстанок на жолтиот локвањ кај Мазија зависи од еколошки чистата средина

Растителниот и механичкиот отпад фрлен во езерските води на потегот кај Мазија го загрозува опстанокот на жолтиот локвањ. Во минатата година заради неповолни антропогени  влијанија дошло до негово исчезнување. Во 2006 година со проект на македонското-лимнолошко друштво беше вратен во неговото некогашно живеалиште, вели д-р Марина Талевска, од Македонското лимнолошко друштво.  За таа цел локалитетот кај Мазија се исчисти од сите видови на отпадоци  и локвањот беше донесен од Калишта, појаснува Талевска. За да не дојде до негово повторно уништување таа  повикува надлежните да водат поголема г…

Апр 5, 2016

Средба на градоначалникот со приватните станоиздавачи

Денеска, во зградата на општината Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески ќе оствари средба со станоиздавачите од Охрид. Според информациите од канцеларијата на градончалникот, планирано е на средбата која започнува во 13 часотда се дисткутира за актуелните состојби во туризмот поврзани со дејноста на станоиздавачите.

Апр 4, 2016

Изградбата на хотелскиот комплекс кај Св. Стефан не придзвика интерес кај граѓаните за дебата

 Слaб граѓански интерес за јавна дебата за хотелскиот комплес кај Св Стефан.  Денес  се презентираше извештајот за стратегиска оценка на животната средина за локалната урбанистичка планска документација за овој туристички комплекс кој ќе се гради на 5000 метри квадратни. Емил Стојановски, екперт за стратешка оценка на животната средина кој го изработи документот, истакна дека во дозволените рамки за заштита на воздухот, подземните и површинските води,  бучавоста и управуавњето со отпадот,  даваат позитивно светло за  изградба на хотел на овој локалитет. „ Овој извештај е при планирање, а  с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top