3178 барања за легализација на бесправно изградени објекти се поднесени до 31 март кој беше последниот датум од вториот рок кој им го даде Владата на граѓаните. Барањата за легализација кои биле доставени до општината до 2011година изнесуваат 11 357 или вкупно во Општина Охрид се поднесени 14 535 барања за легализација на диво изградени објекти.Оваа бројка покажува голем интерес на граѓаните за легализација на бесправно изградени објекти. Ако се споредат бројките до 2011год. и новите ќе се види дека се зголемени за 30%, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локалната самоуправа. Сите 11 357 б…
Разубавување на просторот кај Лагадин, решавање на грдата слика со колекторскиот систем на тој потег, а воедно и нудење на плажа со слободен пристап за сите граѓани и туристи, без наплатување за реквизити за одмор. Ова се благодетите кои според градоначалникот Никола Бакрачески, Охрид ќе ги добие со изградбата на плажата во Лагадин. Тој потенцира дека локалната иако директно не учествува во реализацијата на проектот, како одговорна самоуправа презеле обврска да ја следат неговата реализација во сите фази од проектот кој ќе се прави со државни пари.
„Лично мое убедување, а и убедување на ст…
Во образовен систем кој според многу експерти, како и голем број на професори се занемарува воспитната функција на образованието, средношколските установи со работа на класни часови и вметнување содржини во редовните часови се обидуваат да ги дискутираат темите кои се однесуваат на насилството заедно со своите ученици. Според директорката на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“, Славица Костоска, и покрај пребогатите наставни планови тие се обидуваат во рамки на редовната програма да ги вметнуваат поучните теми со кои училиштата мора да се занимаваат.
„Наставниот кадар …
Градоначалникот Бакрачески продолжува со веќе добро воспоставената практика за остварување на средби со граѓаните од месните и урбаните заедници. Утре, (12.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „7ми Ноември“ и „Даме Груев“.Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.
Синоќа во 22 часот и 20 минути се случи тешка сообраќајната незгодана улицата „15 корпус“ во Охрид. Со скршеници на черепот и по останатите делови од телото како и крварење во мозокот, се здоби 48- годишен жител на селото Лескоец кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во хируршкото одделение при општата болница во Охрид каде, по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување.
– Сообраќајната незгода се случила во момент кога врз сега тешко повредениот, кој по улицата управувал велосипед, налетало патничко моторно возило марка „Југо“ со охридски регистарски таблици. В…
Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев извршија увид на инвестициите кои во текот на изминатиот период беа реализирани во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.
Како локална самоуправа особено сме посветени на подобрување на условите во образованието. Реализиравме и тековно работиме на голем број зафати во сите основни и средни училишта. Благодарение на посветеноста на локалната самоупаваи во соработка со Министерството за образование, ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби сосема нов лик. Беше изградена нова спортска сала, реконструиран е покривот на…
30 кратки студентски филмови, изложби, работилници и концерти на првиот филмски фестивал „FEELMOTION“ на Филмската академија од Охрид. Фестивалот синоќа беше отворен со проекција на филмот „Само за губитници“ на режисерот Иво Трајков кој воедно е дел и од Институтот за филм-Филмска академија-Охрид. Организаторите, кои се седумте студенти магистри на академијата велат дека фестивалот изобилува со богата програма и филмови.
„Тоа се студентски филмови, кратки студентски филмови организирани од студенти кои исто така учествуваат на овој фестивал и со нивните филмови и со нивното присуство. Ние…
Мали плати, скапи производи, голема невработеност. Се чини пазарењето по маркети или зелени пазари и маалски продавници станува се потешко и потешко. Се повеќе граѓаните излегуваат од дуќаните носејќи го чувството дека потрошиле многу, а дома си заминуваат со само неколку производи кои на прсти може да се избројат. Ретко може да се видат или пак малкумина се тие кои пазарат еднаш месечно застанувајќи пред касата со полни колички или кошнички за пазарење. Без оглед на причината, ги запрашавме охриѓани дали тие сметаат дека со истите пари може да се купат помалку или повеќе производи од поран…