Потрошувачката кошничка се попразна

Мали плати, скапи производи, голема невработеност. Наместо полни колички и кошнички за пазарање, граѓаните се попразни излегуваат од маркетите, и во кесите и во својот џеб.

 |  Мишел Наумоски  | 
zivotni trosoci

Мали плати, скапи производи, голема невработеност. Се чини пазарењето по маркети или зелени пазари и маалски продавници станува се потешко и потешко. Се повеќе граѓаните излегуваат од дуќаните носејќи го чувството дека потрошиле многу, а дома си заминуваат со само неколку производи кои на прсти може да се избројат. Ретко може да се видат или пак малкумина се тие кои пазарат еднаш месечно застанувајќи пред касата со полни колички или кошнички за пазарење. Без оглед на причината, ги запрашавме охриѓани дали тие сметаат дека со истите пари може да се купат помалку или повеќе производи од порано. Еве што тие ни одговорија.

trosoci za zivot„Исто, можеби малку помалце, ама тоа е тоа.“

„Сега можеби е поефтино, ама помалку пари има.“

„Цените се повисоки. Стандардот во Македонија е таков, бил и ќе биде, а цените секогаш. Треба малку платите да се повисоки, младината да живее, да е вработена, да го живее животот и да има да јаде, да даде на деца.“

„Сега моментално излегуваме од продавница, што зедовме? Ништо!, а плативме поголема сума на пари и мислам дека Владата треба да води сметка платите да се покачат затоа што не е возможно со 200 евра или 10 илјади денари да се живее. Дали е двочлено или трочлено семејство. Потребите се многу големи сега моментално за живот повеќе отколку што било порано.“-рекоа дел од граѓаните.

potrosuvacka kosnicaСамо пред два дена Државниот завод за статистика излезе со податок дека трошоците за живот на граѓаните во месец март пораснале за 0,1 процент во споредба со февруари. Според нив, порастот на трошоците на живот се должи на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје, јајцата, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, свежата и разладената риба, како и изнутриците и другите прехранбени производи. Во споредба пак со март 2015та година, според податоците од статистика во 2016та е забележан пад на трошоците за живот за 0,4 проценти, додека кај цените на мало падот е за 1,1 процент.

Иако станува збор за релативно мали покачувања на животните трошоци во претходните два месеци, реалноста на ситуацијата е дека само 9% од вработените во државата земаат повисока плата од 20,000 денари, или 2,3 проценти кои земаат над 30 илјади денари и можат да си ја дозволат просечната потрошувачка кошничка која за месец февруари оваа година според сојузот на синдикати на Македонија изнесува 32.325 денари. Останатиот дел од граѓаните мораат да го истераат месецот во просек со по 200 евра од кои најголем дел оди за сметки за струја и комуналии.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top