Континуирана работа, вложување во себеси, искрен пристап во работата и соништата може да се исполнат. Кој тоа подобро да го знае од Благој Трајкоски, македонец кој веќе две години работи во компанијата од соништата на секој кој се занимава со информатички технологии. Тој вели дека познат е начинот на кој Google ги третира своите вработени и според него тоа навистина предизвикува позитивна промена кај секој човек. Според Трајкоски, светот на информатичките технологии е отворен буквално за сите и во него сите може да успеат без разлика од каде доаѓаат.„Би рекол дека не треба да се оптоварувам…
Започна еден од најзначајните настани од информатичката технологија во земјава, Коудфест. Ова четврто издание според организаторите не само што е најобемно според бројот на гостите и говорниците туку и по светските имиња од областа на информатичката технологија како Гугл, Вајбер, Мајкрософт, Адоби. Коудфест, според министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска која го отвори годинешното издание на маратонот во програмирање, смета дека ова е вистинска можност за младите да се бидат очи во очи со претставниците од овие гиганти и да ги остварат своите соништа.”Собрани се на ед…
Хотелите во Охрид и Струга во ништо не инвестираат. Немаат спа центри, сауни, фитнес клубови, а и собите не се реновирани, смета Аркан Керим, претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Тој додава дека посебно домашните туристи поради тоа повеќе одат во Грција и Бугарија, наместо во Охрид, Струга. Керим смета дека за претстојниот празник, Први мај околу 150.000 – 200.000 македонски граѓани ќе отидат во Грција, наместо да ги посетат нашите туристички центри, а минатата година 470.000 македонски туристи биле во Бугарија.Не е точно тоа, ние…
Голманот на РК Охрид 2013, Колев денес не успеа да одбрани ниту еден удар од учениците од ОУ „Христо Узунов“. Локалните херои, охридските ракометари денес беа во посета на ова училиште. Директорот Тони Симоноски вели дека многу имиња од репрезентативци се потпишале на влезот од нивната спортска сала и нагласи дека нивна интенција во иднина ќе биде спортистите да бидат нивни почести гости дури да одржат тренинг на некој од часовите по физичка култура.
„Ова за нас претставува сериозна работа од повеќе аспекти, пред се од воспитно образовен карактер, бидејќи многу значи врвни спортисти к…
Поголем број домашни и странски туристички водичи поради незнаење или некои сосема други причини свесно и намерно честопати грубо ја извртуваат нашата историја. Познато е дека во нашата земја работат туристички водичи на црно со сомнителна наобразба. Ова пред се се однесува не само на водичите од нашата земја туку и на оние што доаѓаат, главно од соседните земји, кои на туристите им ја презентираат својата верзија на нашата култура и историја, сметаат дел од професионалните туристички работници. Треба да ги застапуваме нашите традиционални и културни вредности, категоричен е познатиот ох…
Изминатата пандемиска година, кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат проби за да не дозволат да „престане“ музиката.
Петте членови на ансамблот кои имаат долгогодишно искуство во камерното музицирање- за прв пат заеднички започнуваат да „комуницираат“ во ваков состав, донесувајќи ѝ на публиката, а и на самите ним малку утеха преку универзалниот јазик на музиката. Иако постојат краток временски период, поради нивните индивидуални музички квалитети кои ги обединуваат во исклучи…
Теквондистите од Фајт клуб Мастер од Охрид нивниот вчерашен тренинг во спортската сала „Билјанини Извори“ го држеле во мрак. Причина за тоа е што службите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден повторно ја исклучиле спортската сала „Билјанини Извори“ од напојување со електрична енергија. Портпаролот на оваа компанија, Атанас Ковачевски вели дека во тек се разговори со цел да се надмине моменталната ситуација, и потврди дека штом се создадат услови, повторно ќе се воспостави снабдување со електрична енергија на спортскиот центар.„Динамиката на исклучувањето, претходно најпрво се опомен…
Чест и привилегија е да се биде прв човек на најпрестижниот фестивл, истакна Оливер Арсовски, новиот директор на НУ „Охридско лето“, при неговото прво официјално обраќање во јавноста. Арсовски веќе една недела е на оваа функција и најави дека за десетина дена ќе биде презентирана програмата за овогодинешното издание на фестивалот. Тој исто така кажа дека ќе внесе мали измени и програмски новитети.
„Јас како музичар долги години, децении настапувам на Охридско лето и овој фестивал го сметам за најпрестижен не само во Македонија туку и во регионот и пошироко. Што се однесува до програмата…