Фестивалот „Охридско лето“ вечерва организира хуманитарен концерт со ансамблите на народни игри и песни „Танец“ од Македонија и „Ладо“ од Хрватска. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар со почеток во 22 часот.
Како што информираат од фестивалската дирекција, средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат донирани за потребите на здравствениот систем, како благодарност за се она што го прават медицинските лица при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
„Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и…
Надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици спроведоа санирање на ударните дупки на улицата „7ми Ноември“.
ТВМ, по реакцијата на граѓаните, во неколку наврати се обрати до локалната за овој проблем и подготви неколку прилози на оваа тема. Деновиве, беше пристапено кон асфалтирање на оштетените делови од коловозот на оваа важна сообраќајница, која е една од пофреквентните улици во градов. Покрај тоа, службите извршиле и асфалтирање на некои локации, како онаа на кружниот тек кај ЕМУЦ каде санацијата со бекатон плочки беше заменета со нов асфалт. Помеѓу неколкуте л…
Мевљаим Арифи, жител на улицата „Стив Наумов“ денес по втор пат се одлучи да ја блокира оваа улица токму пред неговата семејна куќа. Вели дека блокадата ја прави бидејќи е револтиран од немилиот настан во кој за влакно не настрадала неговата внука, како што вели поради неажурноста на надлежните, односно поради несанираниот прекоп кој се наоѓа пред неговата куќа. Арифи раскажа како возачите кои со своите возила минуваат на оваа локација, во обид да ја избегнат дупката возат опасно блиску до портата од неговата куќа, па во еден таков случај во кој била инволвирана неговата внука, минатата саб…
Вчера се одиграа финалните натпревари од училишните игри без граници 2015/2016. Најуспешни беа учениците од ОУ Христо Узунов.
Во прекрасен амбиент во училишната спортска сала од ОУ Григор Прличев, во присуство на голем број учесници, посетители и гости, завршија овогодинешните игри без граници. Дваесет и четири екипи од пет основни училишта од Општина Охрид кој се пласираа во втората фаза на игрите, низ исклучително интересни едукативно- психофизички игри, се натпреваруваа во одлична тимска атмосфера, при што: третото место го освои екипата “ТС” од 5то 3 одделение од ОУ “Христо Узунов”, вт…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид.
На 12-ти овој месец околу 19 часот, пријавените физички нападнале шумар-вработен во охридската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, а потоа и припадник на шумската полиција. Настанот се случил кај месноста „Тројанско поле“ во атарот на селото Долно Лакочереј каде шумарот вршел контрола за противправна сеча на огревно дрво. Тој се обидел да запре патничко возило „Застава 101“ со охридски регистар…
Локалната со повик до хотелиерите, угостителите, сопствениците на сместувачки капацитети, кафетерии, туристички агенции за бесплатно презентирање на нивната туристичка понуда.
Нивната понуда, локалната ќе ја објави на информативните touch screen уреди кои се поставени на територијата на општина Охрид, а кои се вкупно шест на број. Сепак од вкупната бројка на вакви уреди, во моментот функционираат само четири, еден е во тек на сервисирање, додека еден, кој се наоѓа на влезот во градот, на булеварот „Туристичка“ е вон употреба и истиот ќе биде уклучен кога ќе се отвори информативниот центар …
Убавка Јованоска од Прилеп, сега македонска снаа во Холандија, секоја година доаѓа во своето родно огниште. Годинава после 45 години таа на одмор во Охрид пристигна со цела своја фамилија со првиот чартер лет Амастердам – Охрид. Како што ни раскажа Јовановска, за Холандија заминала кога имала само две и пол години, заедно со нејзиниот татко кој таму заминал на печалба.
„ И мене ме зеде заедно со сестра ми, а моите двајца браќа се родени во Холандија. Имаме куќа во Скопје, а по потекло сме од Прилепско село каде сум родена. Мислам Охрид е најубаво место во Македонија, има и вода и ридови и …
Центарот за обука на пилоти бара нови регрути. Можеби нечија детска желба да се лета во височините многу лесно би можела да стане реалност. Слично како што се случило за пилотот Весна Петреска. Таа вели дека адреналинот и погледот од височина кој е уникатен и биле одсекогаш предизвик и неостварена желба. Кога се пријавила на огласот не верувала дека може да стигне до таму каде што се наоѓа сега, но вели дека со упорност и желба се се може. Петреска вели дека обуката доста бара од кандидатите, но дека нема некакви стереотипи дека женско не може да биде пилот, додава дека тестовите и барањата…