Јан 13, 2021

Матичните лекари денес добија препораки како да се користи лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид 19

Охридските матични лекари утрово добија препораки за употреба на лекот Ивермектин. Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно решението на МАЛМЕД, лекот се издава исклучиво на рецепт и чини 300 денари. Препораките за начинот на употреба и дозирање на лекот кај пациенти со Ковид се обезбедени од стручен колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и Ковид центрите на интернистички блок, информира д-р Љупчо Костески претседател на Здружението на Приватни матични лекари од Охрид. Напоменува дека оваа препорака била базирана на…

Јан 13, 2021

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар, мал плац, тезги за продажба на бижутерија и штандови за текстил. Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи: Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои…

Јан 13, 2021

395 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 395 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Јан 13, 2021

Усвоена Програмата за задолжителна имунизација на населението во 2021 година

Владата ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии. Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година. Вкупно одобрените финансиски средства за ов…

Јан 13, 2021

Се чистат речните коритa во Дебрца

Поради обилните дождови во изминатите неколку дена се интензивираа активностите за чистење и на речните корита и канали во Општина Дебрца, посебно во населените места. За првпат по долгогодишен период од Општина Дебрца пристапија кон пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” од село Белчишта па се до вливот во Матицата на Белчишкото Блато. Активностите завршија со чистење на речното корито во центарот на селото. Од општината велат дека будно се следи ситуацијата со врнежите кои се најавуваат и дека ќе се интервенира соодветно настанатата ситуација.

Јан 12, 2021

Статусот на Унеско за регионов е важен за развојот на туризмот

Да се зачува Охридскиот регион на листата на Светско културно и природно наследство е од голема важност за развојот на туризмот, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. Верува дека државата ќе добие поддршка од граѓаните и институциите за да се справи со проблемите за да се зачува Статусот на културно и природно наследство на Унеско. Позитивни сигнали доаѓаат од Министерството за култура. Ресорната министерка најави дека во Охрид, Струга и Дебрца веќе нема да се гради без нивно одобрение и консултација. Бојаџи смета дека треба да се регулираат работите и постапувањата при одобренијата на градби к…

Јан 12, 2021

Откажано одржувањeто на двата поголеми карневали во регионов во Вевчани и Куратица

На 13 и 14 јануари нема да се одржи Василичарскиот Вевчански карневал. Перо Пешинкоски, од организациониот одбор на Долна маала од Вевчани, информира дека ова е заедничка одлука на нивните два одбори од Василичарските друштва Горно и Долно маало, донесена во интерес на здравјето на граѓаните и почитување на пропишаниет мерки за безбедност од пандемијата со Ковид 19. „Секој е свесен дека не треба ништо да има. Имавме заеднички состанок со Горна Маала и со МВР. Потврдено е дека нема ништо да има. Дали тоа ќе го почитуваат граѓаните останува на нивна вина. Од наша страна ќе се почитува, но да…

Ное 20, 2021

ИПА Охрид организира рекреативно-кондиционо пешачење до Велестово

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид ги поканува своите членови, други заинтересирани колеги и граѓани, да учествуваат во првиот ИПА рекреативно-кондиционо пешачење (планинско-рекреативна тура) на релација Спортски центар „Билјанини извори“ Охрид до населбата Велестово. Како што информира претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски, оваа активност што ќе се реализира на 20.11.2021 година (сабота), е во соработка со Планинско спасителната служба при Црвениот Крст Охрид (ПСС), а предвидено е да се спроведе според следната агенда: * 09 часот, собир на групата и …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top