Секогаш постои тенденција кон збогатување и признавање на што е можно повеќе национални права, меѓу кои подигнувањето на условите за користење на мајчиниот јазик, фоклорот и културата се едни од најважните според претседателот на здружението на власи од Охрид, „Луњина“, Драган Коровешоски. Денес власите од целиот свет, каде и да се наоѓаат го прославуваат својот национален ден. Според Коровешоски, иако секогаш постои можност за подобрување, сепак во Македонија, власите уживаат најмногу права од било кое друго место.„Сметаме дека во Македонија најдалеку е стигнато бидејќи и почетоците во при…
Градоначалникот Константин Георгиески заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, направија увид на пумпните станици „Љубаништа“, „Црн Дрим – Св. Наум“ и „Трпејца“ кои беа комплетно реконструирани.
Целта на оваа инвестиција е да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување на жителите од крајбрежните села и населби, како и да се подобрат условите за сместувачките капацитети, кои гравитираат на овој дел од брегот на Охридското Езеро.
Вкупната вредност на реконструкцијата на трите во…
Во моментов интензивно се работи на санација на камените плочи на улицата Илинденска во Стариот дел на градот во должина од 420 м2. Градоначланикот Никола Бкарчекси со своите соработници беше во обиколка на тековните и завршените градежни работи на улиците и потпорните ѕидови во стариот дел од градот. Завршени се санацијата на еден крак од улицата Кузман Капидан која води кон Самоилова Тврдина во должина од 320 м2, Коста Абрша, Кочо Рацин, Аргир Маринчев, Нада Филева, Климентски универзитет. „ Во текот на годинешниот план за работа и она што ќе остане за наредната година ќе се санираат у…
63 -ца спортисти од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца во 11 дисциплини беа први во екипен пласман и поединечно на регионалниот натпревар во Дебар. 250 бодови или двојно повеќе охридските спортисти освоиле од второ пласираните колеги од Струга на спорстките натпревари на 4-от регион. Претседателот на Здружението, Ѓорѓи Трпчески кажува дека по 21 пат учествуваат на овие натпераври, а 5 пати со ред се најуспешно здружение.
„ Навистина е задоволство што оваа популација со елан се натпреварува. Трчаат и се натрпеваруваат во неколку спорстки диспциплини и ги искажуваат афинитетит…
Педесетина патници од Србија останале без своите куфери откако вчера попладне, напатот Кичево Гостивар, на Стража изгоре нивниот автобус.
Пожарот започнал од моторот и го зафатил целиот автобус. Веднаш откако возачите забележале дека гори, смирено и брзо ги извадиле сите патници на безбедно. Огнот се проширил и го зафатил цел автобус. Во пожарот изгореле и куферите и документи на патниците.
За среќа, шоферите на време забележале дека нешто не е во ред со моторот и успеале да ги повикаат патниците да излезат. Ниту еден патник не бил повреден.
Во гасењето на пожарот интервенирала кичевскат…
Полициската станица од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „обљуба врз немоќно лице“, поднесе кривична пријава против 30-годишниот албански државјанин А.Ч., лице со привремен престој во Охрид и против 51-годишниот К.К. од Кичево.
Пријавените во периодот од 19-ти до 20-ти овој месец, во куќа во сопственост на К.К. во Кичево, злоупотребувајќи ја нејзината душевната растроеност извршиле обљуба врз 19-годишно душевно болно лице од Охрид.
– Оштетената, на 19-ти мај оваа година беше пријавена за исчезната, по што СВР Охрид презеде мерки за нејзино пронаоѓање. На 2…
Овој четврток, свикана е педесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.05.2016 година (четврток) со почеток во 11,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, а една од точките за кои охридските советници ќе расправаат овој пат, покрај донесување предлог одлуки за учетво во неколку проекти е и предлог Одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.
Покрај овие содржини на дневниот ред на оваа седница ќе се најдат и повеќе од седумдесет прелог одлуки за утврдување потреба од донесување урбани…
Народни носии, претставување на националните кујни и колоритните национални песни и танци. Денес студентите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ ги славеа различностите преку веќе традиционалниот „Ден на култури“. Годинава истиот беше организиран на градскиот плоштад како би можело што е можно поголем број на посетители да вкусат дел од традиционалните кујни на земјите од каде доаѓаат студентите, но и да се фотографираат со нив во нивните традиционални носии. „Ќе танцуваме, ќе ја покажеме нашата традиционална храна, ќе покажеме и еден наш културен церемонијален танц исто така.“„Многу сме бл…