Јун 2, 2016

Покренато обвинение против српскиот државјанин за убиство во Охрид

Основното јавно обвинителство од Охрид до Основниот суд во Охрид поднесе Обвинителен акт против едно лице, државјанин на Република Србија, за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик. – Со поднесеното обвинение тој се товари дека на 01.01.2016 година, пред кафе-бар во Охрид, со употреба на физичка сила, лишил од живот едно лице. Обвинетиот со силни удари му нанел тешки телесни повреди на 27-годишно момче од Охрид, по што тоа починало. Потоа српскиот државјанин се вратил во кафе-барот и продолжил да се забавува, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство…

Јул 29, 2021

Од први јануари 2023 нема да има граници меѓу Македонија, Србија и Албанија

Балканската регионална иницијатива што досега беше позната како „Мини Шенген” од денеска стана „Отворен Балкан“. Од први јануари 2023 нема да има граници меѓу Македонија, Албанија и Србија и протокот на луѓе ќе биде слободен, договорија премиерите Зоран Заев и Еди Рама и претседателот Александар Вучиќ. Вучиќ, Рама и Заев потпишаа три договори: – Меморандум за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан – Меморандум за разбирање за соработка за слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан – Договор за соработка за заштита од кат…

Јун 2, 2016

Пештани ќе добие амбуланта

Амбулантата во Пештани ќе ги третира и пациентите од селата Љубаништа и Трпејца. Огласот за рурални матични лекари е успешен, оцени министерот Тодоров. За секоја новоотворена рурална ординација по општа медицина согласно огласот, се склучува договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Ординацијата ќе добива зголемен износ на капитација, и тоа најмногу 90.000 и најмалку 60.000 денари за месец. Лекарот првите 24 месеци или додека не надмение 700 пациенти, ќе може сам да ја објавува функцијата, односно без медицинска сестра.

Јун 1, 2016

Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата

Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата, распишан од страна на локалната самоуправа. Граѓаните кои се заинтересирани да конкурираат и кои ги исполнуваат условите, ќе можат да се пријават до 10 јуни. Локалната самоуправа во соработка со работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ ги спроведува обуките, а тие се прават врз основа на претходни истражувања и анализи на побарувањата на пазарот на труд. Со истражувањето биле опфатени 30 фирми од Охрид, а резултатите покажале дека најбарани профили се од електро и машинската струка, вели раководителот на ТЛЕ…

Јун 1, 2016

Вдиши театар, по трет пат во Охрид

Вечерва во предворјето на црквата „Св.Софија“ премиерно ќе се прикаже театарската претстава „Фортуна“. Со тоа ќе се одбележи отварањето на третото по ред издание на Аматерскиот театарски фестивал „Вдиши театар“, во организација на ОО на Црвен крст Охрид. Весна Терзиоска од оваа организација појасни која е целта на дружбата на повеќе аматерски театрски групи на организациите на Црвен крст од Охрид, Ужице, Крагуевац и Суботица. Гости на фестивалот се театарските групи од Бар и Требиње кои пак со свои претстави ќе учествуваат идната година, додава Терзиоска. „Целта на овој фестивал е развив…

Јун 1, 2016

Бегалската криза тивнува, но се нам етнува проблемот со илегалните преминувања

Затворањето на балканска рута од една страна е добро, но од друга страна пак, иницира појава на илегални преминувања, сметаат експертите по безбедносни науки. Проф Злате Димоски, од факултетот за безбедност во Битола, вели дека посебно му е мило што нашата земја многу помогнала во справувањето со човечкото зло, миграцијата, од аспект на државен проблем, но од друга страна пак, иселувањето на луѓето од сопствените домови, не е лесно бидејќи нивната мака е предизвикана од создадената криза. „Добро е што се постави тој браник, едноставно Европа си постави свои критериуми да се знае кој може а…

Јун 1, 2016

Во сабота матурантите полагаат мајчин јазик

Од 4-ти до 15-ти јуни, ќе се спроведува полагањето на државната матура, потврди Државниот испитен центар. Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно полагаат 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик. На 4 јуни во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. На 9 јуни ќе се полага математика. На 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски ј…

Јун 1, 2016

Летен режим за користење на паркинзите

ЈП Билјанини Извори – Охрид, ги известува граѓаните дека во летниот период (месеците јуни, јули и август) со почеток од 01.06.2016 година ќе изврши промена на цените за користење на паркинг простор во зона А и зона Б, со кои стопанисува ЈП.Билјанини Извори – Охрид. Измената на цените се изврши со дадена одлука од Советот на Општина Охрид со број 08-6405/4, врз основа на донесена одлука на Управен одбор на Билјанини Извори – Охрид со бр.02-481/2 од 04.05.2013 год. за летен режим на сообраќај во централното градско подрачје . Цените во зона А за физичко лице изнесуваат 40 денари за час, дод…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top