Во сабота матурантите полагаат мајчин јазик

Од 4-ти до 15-ти јуни, ќе се спроведува полагањето на државната матура, потврди Државниот испитен центар.

 |   | 
matura

Од 4-ти до 15-ти јуни, ќе се спроведува полагањето на државната матура, потврди Државниот испитен центар.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно полагаат 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

На 4 јуни во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.

На 9 јуни ќе се полага математика.

На 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. Како и секоја година и оваа најмногу матуранти имаа избрано да полагаат англиски јазик. Бројот на кандидати кои се пријавиле да полагаат француски, германски и руски јазик е многу помал.

На 15 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.

Сите испити почнуваат во 10 часот.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и наставници како тестатори и набљудувачи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top